Домашни банки
Сопствен извештај од МКБ за физички и правни лица достапен преку деловната мрежа на Централна кооперативна банка

Централна кооперативна банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека почнувајќи од 08.03.2021 година, започна соработка со Македонското кредитно биро АД Скопје со која ќе понуди нова услуга за издавање на Сопствен извештај од МКБ за сите физички и правни лица преку деловната мрежа на Банката.
ЦКБ АД Скопје е прва банка во банкарскиот сектор која ја нуди оваа услуга на сите физички и правни лица без оглед дали истите се клиенти на Банката. Секое правно или физичко лице со поднесување соодветно барање во една од експозитурите на Банката на брз и едноставен начин ќе го добие сопствениот извештај од Македонското кредитно биро АД Скопје без да има потреба да се обрати директно во просториите на МКБ АД Скопје.
Со оваа услуга, ЦКБ АД Скопје ја зголемува понудата на банкарски услуги кои се целосно ориентирани кон потребите на постоечките и потенцијалните клиенти што е една од главните цели на Банката.
Домашни банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 24 мај 2023 година

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 24 мај (среда) 2023 година заради празнување на Св. Кирил и Методиј. (more…)
Домашни банки
Силните резултати на ПроКредит Групацијата во Q1 ги нагласуваат среднорочните позитивни перспективи

- Резултатот од 29,5 милиони ЕУР соодветствува на солиден Поврат на капитал (RoE) од 13,3% и, според тоа, е во согласност со среднорочните насоки на групацијата;
- Добриот развој на нето каматната маржа до 3,4% и умерениот трошок на ризикот од 12 основни поени се клучни фактори за резултатите;
- ПроКредит Банка Украина има умерен придонес кон резултатот на групацијата, демонстрирајќи ја својата структурна сила без оглед на проблематичното опкружување; ПК без Украина е на добро ниво од 11,6%;
- Kоефициентот на трошочна ефикасност, усогласен за непериодичните ефекти е на ниво од 57,0% и, според тоа, 2,5 процентни поени под нивото од претходната година;
- Растот на депозитите изнесува 0,6%; кредитното портфолио бележи мал пад од 0,8%, со дополнителни подобрувања на квалитетот на портфолиото;
- Континуиран фокус на зелени кредити; тековниот удел од 20,2% во вкупното кредитно портфолио е зацртано да расте до 25% среднорочно;
- Коефициентот на редовен основен капитал на ниво 1 (CET1) изнесува 14,1%; значајното зголемување од 0,7 пп во Q1 е поттикнато од натамошниот раст на ефикасноста на активата пондерирана според ризикот (RWA)
Домашни банки
Како најдобро да се подготвите за патување?

Подготовката за патување може да биде возбудлива, но и прилично напорна активност. За да се обезбеди непречено и пријатно патување, од клучно значење е сè да се испланира и подготви однапред. Од истражување на дестинацијата и пакување, до обезбедување патни документи и организација, пожелно е што подобро да се подготвите за вашата претстојна авантура. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје