Connect with us

Останато

Сопственикот на „НИКОБ“, Кирил Лазаров, лидер за Југоисточна Европа за 2020 година

Објавено

на

Македонскиот бизнисмен Кирил Лазаров, сопственик на националната агенција за обезбедување на лица и имот „НИКОБ“,  воедно и претседател на Македонско-бугарската стопанска комора, е добитник на високото престижно признание „Лидер на годината за Југоисточна Европа“, доделено на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Париз (одржан онлајн од 2 до 7 јуни).

Фестивалот “SEE à Paris” традиционално се организира секоја година од страна на INALCO Paris-Cite-Sorbonne и Humboldt универзитетот од Берлин, во соработка со Интернационалниот универзитет Еуропа Прима.

Признанието на Лазаров е за лидерство во економијата и развојот, во интеграцијата на балканските земји во поширокото европско семејство и претстаува круна на повеќегодишниот ангажман на младиот македонски бизнисмен во интензивирање и еманципација за новите технолошки стандарди, кои ги прават балканските институции компетитивни на светскиот пазар.

Наградата беше презентирана од Фредерик Фапани фон Лотринген од фондацијата „Ротшилд“ во име на Советот на фестивалот, а на посебна свеченост ќе му ја предаде претседателот на фестивалот, амбасадорот Јордан Плевнеш.

Погледнете го видео обраќањето на г. Кирил Лазаров:

Останато

ЕК предвидува намалување од 8,7 проценти на годинешниот БДП на Еврозоната

Објавено

на

Економијата на ЕУ ќе го доживее најтешкиот пад од Втората светска војна во вториот квартал на 2020 година, се вели во мрачната прогноза на Европската комисија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Русија ги зголемува државните резерви за време на корона кризата

Објавено

на

Централната банка на Русија ги зголеми своите меѓународни резерви за 1,5 милијарди долари или за 0,3 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Потпишан договор за соработка меѓу Комората на сметководители и на проценувачи

Објавено

на

Креирање на платформа за заедничко делување со особен акцент за подобрување на квалитетот на работа, на националната легислатива, како и унапредување на демократските процеси од сферата на  взаемен интерес се дел од целите на договорот официјално склучен меѓу Комората на сметководители на Македонија при ССК и Комората на проценувачи. Договорот го потпишаа  претседателот на Комората на сметководители, Драган Митковски и претседателот на Комората на проценувачи, Антонио Георгиев. (more…)

Продолжи со читање

Популарно