Connect with us

Домашни банки

Соопштение од Стопанска банка АД – Скопје за исплата на парични права од социјална заштита

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека денеска изврши процесирање на паричните средства за социјална и детска заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички, средствата веќе се достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите.

Готовинската исплата на парични права од социјална заштита ќе се изврши во периодот од 06-ти јули (понеделник) до 08-ми јули (среда) 2020 година, при што Банката ќе ги исплаќа паричните права од социјална заштита на клиентите корисници, но со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа според почетната буква од презимето:

Распоредот за готовински исплати во филијалите на Банката:

  • 06.07.2020 (понеделник) исплата за А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; (презиме)
  • 07.07.2020 (вторник) исплата за И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О; (презиме)
  • 08.07.2020 (среда) исплата за ПР, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш; (презиме)

Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Од Банката апелираат овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец.

Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на средствата за социјална заштита да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за овие приливи туку и за приливите кои следуваат додека траат мерките за заштита.

Воедно, Стопанска банка АД – Скопје апелира за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на паричните права за социјална заштита за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

Клиентите кои ќе ги посетат филијалите на Банката, потребно е да ги следат следните препораки:

•    Доследно запазување на редоследот на исплата по датум и азбучен ред;
•    Да се почитуваат сите превентивни мерки во насока на заштита на јавното здравје (задолжително користење на маски или марами) и да се одржува меѓусебно растојание од најмалку 2 метри, за што се ангажирани и редарски службеници.

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје оствари добивка од 30,5 милиони денари во првите 6 месеци од 2020 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2020 до 30.6.2020 година ТТК Банка АД Скопје дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и во Финансискиот план на Банката за 2020 година, при што во текот на периодот го прилагодуваше своето работење на тековните економски и пазарни услови на стопанисување, во услови на прогласена вонредна состојба во државата, поради пандемијата од вирусот COVID-19. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ќе им одобри дозволено пречекорување на приматели на пензија и плата во Еуростандард банка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје од денеска (14.08.2020) преку брза и едноставна процедура ќе им одобри дозволено пречекорување на клиенти кои имале активна сметка во Еуростандард банка АД Скопје и на која примале плата или пензија. Понудата се однесува на сите бонитетни клиенти кои имаат солиден рејтинг во кредитниот регистар на НБРСМ, односно се класифицирани во ризична категорија А или Б.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

АЖУРИРАНО: Пензионерите на Еуростандард банка не треба да носат одјава во новата банка каде ќе примаат пензија

Објавено

на

Пред неколку дена пишувавме околу постапката “Што треба да направат пензионерите кои примаат пензија преку Еуростандард банка“, со цел да ја префрлат својата пензија во друга банка, откако стана јасно дека Еуростандард банка АД Скопје оди во стечај. (more…)

Продолжи со читање

Популарно