Connect with us

Домашни банки

Соопштение за физичките и правните лица коишто биле клиенти на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај

Објавено

на

Се известуваат сите физички и правни лица дека согласно Законот за банките, побарувањата по основ на депозит кои ги имаат од „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, без оглед на износот, се сметаат за пријавени со денот на отворање на стечајната постапка во Банката и тие немаат обврска за нивно пријавување до стечајниот управник, согласно член 162 од Законот за банките.

Под побарување по основ на депозит се подразбираат: денарските и девизните депозити, сертификатите за депозит, парични средства на трансакциските сметки, депозитите врзани за парични картички, девизни приливи на физичките лица, како и паричните средства на жиро-сметка за правни лица.

При обесштетување на депозитите на физичките лица, поединечните депозити на едно лице се сметаат за единствен депозит. Согласно со Законот за Фондот за осигурување на депозити, во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот кои што се предмет на обесштетување како единствен депозит се намалува за износот на неговите обврски кон банката (пр. кредити, искористен лимит од картичка, даден залог на депозит, провизии, и сл.).

Истовремено, се известуваат сите физички и правни лица кои имаат побарувања од Банката, кои што не се по основ на депозит, дека истите треба да ги пријават како побарувања од стечајната маса, по писмен пат до стечајниот управник, согласно објавата во Службен весник бр. 203/2020, односно до 7-ми септември.

Вакви побарувања се: побарувања по основ на извршени усуги или доставени производи до банката, платени аванси по различни основи, фактури, повеќе платени надоместоци за услуги кои не се искористени или се користени помал период од оној наведен во договорот (пр. платен надоместок за користење сеф во текот на една година, а сефот се користел пократок период и други побарувања кои произлегуваат од облигационо правен однос со Банката ).

За да ги пријават побарувањата, потребно е најдоцна до датумот определен во објавата, да се достави писмена пријава по пошта до стечајниот управник на следната адреса: ул.Владимир Комаров бр. 40/8, Скопје, објавена во огласот. Кон пријавата потребно е да се достават писмени докази за побарувањето.

Во пријавата, доверителите се должни да наведат:

1) назив, седиште, единствен матичен број и единствен даночен број на правните лица, име и презиме, адреса и единствен матичен број за физичките лица;

2) назив на носителот на платен промет кај кој доверителот има сметка и број на сметката;

3) правниот основ на побарувањето;

4) износ на побарувањето и тоа посебно износ на главното побарување со пресметана камата до денот на отворање на стечајната постапка и

5) одредено барање на доверителот согласно со одредбите од Законот за парнична постапка за содржина на тужба.

Во однос на начинот на измирување на обврските  кои физичките и правните лица  ги имааат спрема Банката по било кој основ, клиентите во наредниот период ќе бидат контактирани од овластено лице од Банката. 

Во врска со примопредавањето на предметите / стварите коишто се во граѓанските сефови на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, клиентите ќе бидат контактирани во текот на следните дваесет дена од овластено лице од Банката, за терминот кога имателот на сеф ќе биде потребно да дојде во просториите на Банката за отворање на сефот и подигнување на предметите. Притоа, имателот на сеф ќе биде потребно да дојде лично, да се идендификува со важечки документ за лична идентификација и клуч од сефот. Сефот не може да се отвори без присуство на клиентот кој го користел.

Домашни банки

Комерцијална банка со донација на 6.000.000 денари ќе помогне за спас на преживеаните по разорните земјотреси во Турција и во Сирија

Објавено

на

„Нашите мисли се со семејствата на настраданите од разорните земјотреси во Турција и во Сирија, на кои им изразуваме длабоко сочувство и се молиме за спас на луѓето кои сѐ уште се под урнатините”, велат од Комерцијална банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Во Халкбанк отворена донаторска сметка за помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Туркије

Објавено

на

Во Халкбанк АД Скопје отворена е донаторска сметка за помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес што го погоди централното подрачје на Кахраманмараш-Пазарџик во Туркије. Сите кои сакаат да донираат средства, уплатата можат да ја направат на сметката 270-0641538507-69, со назнака МАТТО ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО РЕПУБЛИКА ТУРКИЈЕ. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ги зголеми платите на своите вработени во просек за 14%

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје изврши генерално покачување на платите на сите, над 700 вработени во банката на ниво на просек од 14%, со што најзначително се влијае на пораст на најниската плата во банката. Со ова Банката уште еднаш ја потврди својата грижа за обезбедување континуиран развој и мотивација на вработените кои се еден од главните чинители на успешното работење на банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно