Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

„Сонуваме. Менуваме.“ на Стопанска Банка АД Скопје го има своето трето издание

Објавено

на

На сцената на МОБ (Македонска Опера и Балет), детските миленици 5+ Фамилија приредуваат едночасовно шоу во кое вклучени се повеќе деца со посебни потреби кои ја збогатуваат програмата и рамноправно со актерската екипа гласно и недвосмислено ја промовираат инклузијата. Со оглед на тоа што клучна публика на концертите ни се децата кои целосно веруваат на ликовите од серијата 5+ Фамилија, се надеваме дека пораката од настанот ќе биде одлично прифатена и ќе создадеме општество какво што сонуваме да имаме. 

Петте концерти “Сонуваме.Менуваме“ се одржаа викендов во МОБ со овој распоред:

•    Сабота 15.12 од 11, 14 и од 17 часот
•    Недела 16.12 од 11 и од 14 часот 

Поради хуманитарниот карактер на настанот, во продажба беа пуштени билети по симболична цена од 100 денари и сите овие средства се вклучуваат во фондот за донации кој Стопанска банка го обезбеди за реализација на грантови за асоцијациите на деца со посебни потреби. 

„СонувамеМенуваме прерасна во традиција и среќни сме што токму со овој проект почнуваме да ја одбележуваме нашата 75 годишнина. Кога компанијата има богата историја значи дека е вткаена во историјата на државата, на граѓаните и на компаниите и остава траен белег врз општеството. Како општествено одговорна компанија секогаш сме на страната на оние кои не се плашат да го остварат својот сон, даваме поддршка, заедно туркаме напред и создаваме подобар свет за сите. Им посакувам на децата кои ќе учествуваат, но и оние кои ќе ги следат концертите да работат сложно за посветла иднина, ја имаат нашата поддршка секако.“ – изјави г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален Извршен Директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.

Во продолжение се одобрените грантови од страна на комисијата за 2018та година со што вкупниот буџет доделен досега од страна на Банката надминува 45.000евра:

Банката се заблагодарува на сите кои поднесоа апликации за реализација на грантови, честита на креативноста и посветеноста да работат за подобри услови за едукација, живот и осамостојување на лицата со посебни потреби. Банката продолжува да нуди поддршка и во годините што претстојат.

Домашни банки

„УНИБанка” одбележа 15 години во Гостивар

Објавено

на

„УНИБанка” го прослави својот 15-годишен јубилеј на својата експозитура во Гостивар со елегантен коктел во ресторанот „Мон Блан”. На настанот присуствуваа над 100 клиенти, партнери и пријатели на банката од градот и од регионот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Кредит со осигурени побарувања како обезбедување – нов продукт од ПроКредит Банка

Објавено

на

Малите и средни претпријатија во Северна Македонија се еден од клучите двигатели на економијата. Нивниот раст и развој директно придонесува за позитивни ефекти врз стапката на вработување, конкуретноста на пазарот и зголемување на извозот. Со цел остварување на своите визии и иновативни проекти, овие компании имаат потреба од кредитирање на краткорочните ликвидносни потреби, олеснет пристап до финансии и можност за брзо кредитирање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје, Генерален покровител на концертот на Златко Ориѓански и Бени Шакири

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е Генерален покровител на концертот на Златко Ориѓански и Бени Шакири, кој ќе се одржи на 20-ти април во Македонската Филхармонија. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange