Connect with us

Кредити

Соништата навистина се остваруваат со Шпаркасе Банка!

Објавено

на

Купувањето или уредувањето на стан или куќа е една од најголемите финансиски одлуки во животот на секоја личност и затоа е многу важно да бидете добро информирани доколку решите да го направите ова со финансиска поддршка во форма на станбен кредит.

Освен достапноста на кредитот, најчестите прашања и дилеми на граѓаните се однесуваат на отплатата – висината на каматната стапка, дали таа е фиксна и за колкав период се однесува фиксната каматна стапка, условите за отплата, обезбедувањето на кредитот како и дополнителните трошоци за негова обработка.

Условите за кредит се од непроценливо значење за клиентите кога станува збор за решавање на станбеното прашање. Следејќи ги трендовите за потребите и барањата на клиентите и секогаш стремејќи се истите да бидат задоволени, Шпаркасе Банка АД Скопје ви нуди станбен кредит со екстра поволни каматни стапки:

  • фиксна каматна стапка од 3,10% за првите 10 години, додека за останатиот период на отплата, кој може да биде до 30 години, каматната стапка изнесува 4% променлива стапка врзана на 6 месечен Еурибор.
  • Дополнително, до 30.11.2021 година, станбениот кредит на Шпаркасе Банка АД Скопје е без административни и без нотарски трошоци.
  • Максимален износ на кредитот е до 400.000 евра.

Обезбедување за кредитот

  • Сопствено учество почнувајќи од 15%;
  • Хипотека на стан/куќа;
  • Винкулирана полиса за осигурување на имотот во корист на Банката.

Кредитот можете да го искористите за купување на недвижен имот (стан или куќа), доградба/надградба на станбен простор согласно доставен проект и дозвола за градба или за рефинансирање на станбен кредит во друга банка.

Повеќе информации за станбениот кредит на Шпаркасе Банка може да прочитате на следниот линк.

Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк.

Кредити

Со мали дела до големи заштеди на енергија и пари со кредитот за енергетска ефикасност на Комерцијална банка и ЕБОР

Објавено

на

Со мали дела постигнете големи резултати. Кредитот за енергетска ефикасност на Комерцијална банка, како дел од GEFF програмата на Европската банка за обнова и развој (EБОР), Ви овозможува инвестиции во енергетски ефикасни решенија за намалени трошоци за енергија и грант до 20% од инвестицијата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Промотивнa кампања за НЛБ кредитите за физички лица – без трошоци за одобрување и проценка до крајот на јуни

Објавено

на

Промотивната понуда за кредити на НЛБ Банка продолжува и во текот на месец јуни, кога за сите клиенти кои ќе аплицираат за некој од НЛБ Кредитите се овозможени низа промотивни поволности. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Објавен јавниот повик за проектот „Купи куќа, купи стан”

Објавено

на

Граѓаните од денеска ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата преку проектот „Купи куќа, купи стан”, информират од Министерството за финанси. Граѓаните преку јавниот повик кој е објавен ќе можат да поднесат барање, заклучно со 31 август 2022 година, за државна субвенција на учеството или на месечната рата за купување на нов стан или изградба/купување на нова куќа. (more…)

Продолжи со читање


Популарно