Connect with us

Останато

Согласност за реформа на монетарната унија

Објавено

на

Државите од Еврогрупата се договорија за реформа на монетарната унија. Согласноста е постигната по 16 часови преговори на министрите за финансии, кои траеја до вчера рано наутро.

По преговарачкиот маратон во Брисел, министрите за финансии на земјите од еврозоната постигнаа согласност за реформа на монетарната унија. Шефот на Еврогрупата, Марио Сентено, изјави дека земјите членки се усогласиле околу сигурносната мрежа за ликвидација на банки, односно договориле фонд со пари од земјите членки во ЕСМ, кој би требало да биде „последна гаранција“, доколку фондот со пари за таа цел од самите банки не е доволен.

Освен тоа, постигната е согласност и за зајакнување на Европскиот фонд за спас – ЕСМ. Би требало и натаму да се работи и на буџет на еврозоната (барање на Германија и Франција), доколку за тоа своја согласност дадат шефовите на држави или влади.

Според германскиот министер за финансии Олаф Шолц, мерките за кои е постигната согласност со неговите колеги, претставуваат „голем пробив“. Од една страна, во банкарскиот сектор ќе има „поголема сигурност“, а од друга страна ЕСМ ќе се развие „во нешто како Европски монетарен фонд“, оцени Шолц. Тој додаде дека ЕСМ би требало да биде во можност да им дава поддршка на земјите „кои всушност имаат сосема добар развој“, но имаат проблеми при добивањето кредити на финансиските пазари.

Министрите за финансии своите заклучоци треба да ги поднесат на самитот кој треба да се одржи наредната недела.

Останато

Од почеток на 2019 година државните обврзници ќе се тргуваат на Македонска берза

Објавено

на

Државните хартии од вредност од почетокот на 2019 година ќе котираат на Македонска берза. Денеска министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Македонска берза Иван Штериев, потпишаа договор за котација на државните обврзници. Со ова државните хартии од вредност ќе станат достапни за поголем број на инвеститори, како домашни, така и странски. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Google Pay штотуку стана полесен за употреба!

Објавено

на

Последната верзија на Google Pay ги прави мобилните плаќања од Android многу слични на оние на нивниот најголем ривал, Apple Pay.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Избрани претприемачите за 2018 година

Објавено

на

Ваљон Купа од „Евита груп“ – Дебар и Филип Ристевски од „Пиксел“ – Скопје во категоријата мали претпријатија, како и Сашко Андонов од „Течко нет“ – Кочани и Александар Билјаноски од „Мое студио Дадар“ – Скопје во категоријата микро претпријатија, се добитници на наградите „Претприемач на годината 2018“.

(more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange