Connect with us

НБРМ

Советот на Народната банка донесе неколку одлуки за поддршка на економијата

Објавено

на

Советот на Народната банка одржа вонредна седница на која во согласност со своите надлежности донесе неколку одлуки, коишто се во насока на ублажување на потенцијалните неповолни ефекти врз економијата, предизвикани од појавата на новата вирусна инфекција Ковид-19.

Поконкретно, Советот ги донесе следните одлуки:

– Одлука за изменување на Одлуката за задолжителната резерва

Со оваа измена, Народната банка повторно ја става во функција нестандардната мерка кај задолжителната резерва, со која се овозможува намалување на основата за обврската на задолжителната резерва во денари на деловните банки за износот на  новоодобрените и реструктуираните кредити одобрени на претпријатија во дејности коишто согласно со информациите од Владата на Република Северна Македонија ќе бидат  најпогодени од ширењето на ковид-19. Се очекува мерката да има поттикнувачко дејство за непречена кредитна поддршка по поволни услови од страна на банките за најпогодените сектори.

– Одлука за изменување на Одлуката за методологијата за управување со ризиците

Со оваа одлука се одложува рокот во кој банките треба да го достават првиот Извештај за процесот на утврдување интерна ликвидност, со што, наместо до 31 мај, оваа обврска ќе треба да се исполни до 30 септември 2020 година. Со ова регулаторно олеснување, на банките и на нивните тимови им се остава простор за поголема фокусираност на обезбедувањето кредитна поддршка на корпоративниот сектор и на населението, како и на одржување на квалитетот на кредитното портфолио.

– Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за единствената тарифа на надоместоците за услугите што ги врши Народната банка

Донесена е одлука со којашто се укинуваат провизиите коишто досега се наплатуваа за подигање и враќање на готовината во централниот трезор на Народната банкаСо ова се елиминираат сите трошоци за подигнување и враќање на ефективни пари. Ваквите промени се во насока на поддршка на процесот на управувањето со готовината, на начин којшто ги минимизира евентуалните ризици од пренесување на заразата преку овој канал.

Претходно, во понеделникот, на седницата на Комитетот за оперативна монетарната политика на Народната банка беше донесена одлука за намалување на основната каматна стапка на нивото од 1,75%, што треба да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките.

Народната банка ќе продолжи со голема внимателност да го следи развојот на настаните и потенцијалните ризици од окружувањето, и нивните ефекти врз домашната економија, заради соодветно приспособување на политиките и адекватна и навремена реакција.

НБРМ

Митреска: Мерките на централната банка избалансирани ‒ за поддршка на економијата и одржување на стабилноста

Објавено

на

Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, учествуваше на панел-дискусијата организирана од реномираната инвестициска банка „Вуд и компанија“.  Во рамките на панел-дискусијата беа разгледани повеќе прашања поврзани со тековната состојба во економијата и нејзиното закрепнување, динамиката на инфлацијата, а особен акцент беше ставен на оцената на ефектите од мерките преземени досега од централната банка за ублажување на ефектите од пандемијата. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка ќе ги обнови оштетените банкноти со нови на кои ќе го има новото уставно име

Објавено

на

Придавката „Северна“ на новите банкноти ќе ја чини Народната банка 2,2 милиони евра. Руското акционерско друштво „Гознак“ ќе ги изработува книжните пари од 100 апоени, a за услугата ќе наплати 400.000 евра. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање



Популарно