Connect with us

Електронско банкарство

Совети од НЛБ Банка за безбедно користење на НЛБ мКлик мобилното банкарство и NLB Pay мобилниот паричник

Објавено

на

За безбедно и сигурно користење на НЛБ мКлик мобилното банкарство и NLB Pay мобилниот паричник, НЛБ Банка подготви неколку корисни совети за своите клиенти.

Совет број 1: Обезбедете го Вашиот уред

Главна заштита е прво да се обезбеди Вашиот личен уред. Лозинка (препорачливо подолга), која ќе содржи букви, броеви и карактери. Ако се користи PIN код, препорачливо е да се користи некоја поразлична комбинација (пример да НЕ се користи 1111). Користењето на биометриска заштита како Fingerprint/TouchId (отклучување со отпечаток на прст) е едноставно и брзо доколку го нуди Вашиот уред. Како безбедна и официјална биометрија со препознавање на лик е FaceID од Apple. Практикувајте да се  одјавувајте од НЛБ мКлик апликацијата после употребување на истата.

Совет број 2: Користете ја официјалната НЛБ мКлик апликација

Осигурајте се дека ја инсталирате вистинската апликација. Линкот за истата може да ја најдете на официјалната веб страна. Инсталирајте ја НЛБмКлик само од Apple App Store и Google Play Store и проверете кој е развивачот на апликацијата.

Совет број 3: Редовно ажурирајте ја верзијата на НЛБ мКлик апликацијата

Овозможете автоматско ажурирање на Вашата апликација за да ја имате секогаш најновата верзија на НЛБ мКлик. Новите верзии секогаш содржат подобрувања или некои нови функционалности.

Совет број 4: Внимавајте кои линкови ги отворате

Секогаш проверувајте ги деталите на испраќачот и проверувајте дали линкот и доменот на таа страна е навистина на НЛБ Банка. Ако е сомнителна, игнорирајте ја. Истото се однесува и на СМС пораки. Никогаш не споделувајте кориснички имиња и лозинки. Ако ги имате споделено, променете ги Вашите лозинки кои ги користите.

Совет број 5: Ако го менувате уредот, избришете ги сите податоци

Ако планирате да го продадете Вашиот уред, препорачливо е да ја избришете НЛБ мКлик апликацијата.

Совет број 6: Не заборавајте да го заклучите мобилниот уред со лозинка кога не користите NLB Pay

Доколку користите NLB Pay мобилен паричник, секогаш чувајте го мобилниот телефон заклучен, со уникатна лозинка, која повремено ќе ја менувате. Може да користите и друг вид на идентификација како препознавање на лице или отпечаток од прст. Внимавајте да не го изгубите или оштетите Вашиот телефон со мобилната апликација, бидејќи истата всушност претставува уште еден паричник.

Совет број 7: Не правете Root/Jailbreak на Вашиот уред

Модифицирањето на Вашиот уред root/jailbreak (Android/iPhone соодветно), ги отстранува вградените заштити на Вашиот уред.

Совет број 8: Бидете внимателни кога користите јавна wi-fi  мрежа

Избегнувајте да пристапувате до Вашите банкарски сметки од мобилниот телефон кога сте поврзани на јавна „WI-FI“ мрежа.

Електронско банкарство

Асоцијација за е-трговија: Секојдневно во земјава се отвораат по 2 нови онлајн продавници!

Објавено

на

Е-трговијата во земјава е во пораст, зголемување бележат реализираните онлајн нарачки и купувњаа во текот на првите шест месеци од годинава за 36 отсто во однос на тој период лани. Забележителен трицифрен пораст има и на трговијата кон домашните е – продавници. Според објавените податоци на Народната банка, во овој период реализирани се вкупно 4.300.584 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 3.161.899 онлајн трансакции во текот на првите шест месеци од 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Апликацијата мБанка на Комерцијална банка достапна на платформата Huawei AppGallery

Објавено

на

Апликацијата мБанка на Комерцијална банка АД Скопје стана достапна и за корисниците на новите модели мобилни телефони Huawei. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

НЛБ Банка воведува прв и единствен мобилен кредит – мКлик кредит

Објавено

на

НЛБ Банка, преку онлајн настан на социјалните мрежи, денеска промовираше воведување на нова функционалност преку НЛБ мКлик мобилното банкарство- мКлик кредит. Со ова за прв пат на македонскиот пазар, барањето и одобрувањето на кредит на клиентите им станува достапно директно преку мобилен телефон. (more…)

Продолжи со читање

Популарно