Домашни банки
Совети од НЛБ Банка за безбедност при онлајн купување

НЛБ Банка се грижи за своите драги и почитувани клиенти и затоа креираше совети со цел да им помогне да заштедат повеќе финансиски средства, да обезбедат сигурност на банкарските трансакции, лесно да ги користат електронските сервиси и поедноставно да се соочуваат со секојдневните ситуации.
Со цел да им обезбеди на своите клиенти максимална сигурност на нивните платежни картички и лични податоци, подготви совети за безбедност при онлајн купување.
Совет број 1: Правете нарачки од сигурна конекција
Ако купувате на интернет користејќи безжична мрежа, потребно е таа да се заштити со сигурна лозинка, за да не дојде до крадење на Вашите информации. Избегнувајте да правите финансиски трансакции кога користите јавна мрежа. Заштитете го Вашиот компјутер од потенцијални вируси со користење на антивирусни софтвери.
Совет број 2: Истражете ја веб страницата од која купувате
Практикувајте да купувате од веќе познати интернет продавници. Доколку не сте сигурни, побарајте мислење од луѓе кои ги познавате и кои имале позитивно искуство при користење на услугите на е-продавницата. Уверете се во легитимноста и веродостојноста на онлајн продавницата, така што ќе истражете на интернет за искуството на други потрошувачи и ќе ги прегледате препораките.
Совет број 3: Креирајте уникатна и сигурна лозинка
При онлајн купување, најчесто треба да креирате корисничко име и лозинка. Некои веб-страници дозволуваат да направите нарачка како гостин и да го прескокнете овој чекор, па ако не ја користите е-продавницата често, не правете го ова. Ако сакате да отворите корисничка сметка, користете единствена и силна лозинка. Лозинките треба да содржат комбинација од големи и мали букви, бројки, интерпукциски и други специјални знаци.
Совет број 4: Познавајте ги Вашите права и политиката за враќање на производите
Најчесто, секоја интернет продавница има одредени услови и практики за заштита на податоците на купувачите и право на враќање на производите. Пред да направите одлука за купување, информирајте се детално за условите – политика на приватност, период на откажување, враќање на производите, поврат на средства и слично.
Совет број 5: Не споделувајте премногу лични информации
При онлајн шопинг, од Вас ќе биде побарано да внесете начин на плаќање, адреса за испорака, телефонски број, како и е-пошта. Доколку трговецот Ви бара и други лични информации како датум на раѓање, единствен матичен број или број на трансакциска сметка, не ги внесувајте. Некои компании ќе постават прашања за Вашите интереси, но овие информации секогаш треба да бидат по избор и треба да бидете претпазливи во давањето одговори. Проверете ја политиката на приватност на страницата за да дознаете со која цел се собираат овие информации. Користете услуги од компании кои ја почитуваат Вашата приватност.
Совет број 6: Редовно проверувајте го извештајот за Вашата сметка
Не чекајте го месечниот извештај за да добиете информации за Вашите кредитни и дебитни картички. Проверете ја состојбата и прегледајте ги сите трансакции онлајн, користејќи НЛБ електронско или мобилно банкарство. Опцијата НЛБ мКлик Ви овозможува и добивање нотификации за секоја направена трансакција и за сите промени на Вашата сметка, така што на овој начин сте информирани во секое време за состојбата на сметката. Доколку забележите нешто сомнително, веднаш јавете се на телефонскиот број на контакт центарот, а нашите вработени ќе се обидат да Ви помогнат и да ги заштитат Вашите информации и средства.
Совет број 7: Управувајте со лимитите на Вашите платежни картички
За поголема безбедност при користење на НЛБ платежните картички и поголема сигурност при онлајн купување, имате можност да го промените лимитот за интернет плаќања преку НЛБ мКлик мобилното банкарство или НЛБ контакт центарот.
Заштитете се, останете дома и купувајте онлајн преку платежните картички на НЛБ Банка.
Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк
Домашни банки
Благодарница до Комерцијална банка за донацијата на 6.000.000 денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Солидарноста и хуманоста во Комерцијална банка не познаваат граници, особено кога сме сведоци на трагедии од големи размери, какви што беа земјотресите што ги погодија Турција и Сирија. (more…)
Домашни банки
2,2 милиони успешни трансакции во 2022 година со е-commerce од Комерцијална банка

Е-продавницата стана задолжителна алка во синџирот кој продуцира успешни бизниси во денешното дигитално време. Пред и по Covid-пандемијата веќе ништо не е исто и затоа онлајн продажбата освојува сѐ повеќе купувачи. Токму затоа и Комерцијална банка е особено горда на својот придонес за развојот на е-трговијата во земјава. (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“ и за 2022

Празникот на македонското литературно творештво, манифестацијата „Роман на годината“, секоја година е повод за нова гордост и нов подвиг на целокупната културна дејност во земјава. Токму затоа Комерцијална банка е особено горда што шеста година по ред е генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“, која годинава ќе му се додели на романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка