Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Лични финансии

Совети од Комерцијална банка за безбедно користење на платежните картички

Објавено

на

Денес, платежните картички се ширко прифатено средство за плаќање. Милиони луѓе ги користат картичките за плаќања во продавници, интернет, за нарачки преку телефон или електронска пошта. Но, поради зголемениот обем на користење од страна на клиентите се повеќе се зголемува нивната злоупотреба од страна на криминалците.

Вашата картичка од Комерцијална банка АД Скопје е безбеден начин да располагате со Вашите пари.

Сепак, бидејќи секогаш приоритет и се дава на безбедноста, во прилог неколку совети од Комерцијална банка АД Скопје како да постапите во одредени ситуации со платежните картички:

  • Кога ќе ја добиете картичката
  • Дома
  • На банкомат
  • На продажни места
  • Додека патувате
  • При купување на Интернет
  • Промена на PIN код на банкомат

Кога ќе ја добиете картичката

  • Веднаш потпишете ја картичката на нејзината задна страна.
  • Запомнете го PIN кодот – никогаш не го запишувајте.
  • Не го откривајте PIN кодот никому.

Дома

  • Чувајте ги потврдите од трансакциите на продажни места и од подигната готовина на банкомати истите споредете ги со податоците од месечниот извештај за картичката.
  • Доколку забележите трансакција во месечниот извештај која е погрешна или на која не можете да се сетите, веднаш контактирајте го Центарот за авторизација при Службата за банкарски картички.
  • Чувајте список од броевите на сите Ваши картички.

На банкомат

  • Осигурајте се дека никој не стои премногу блиску до Вас додека сте пред банкоматот.
  • Внимателно следете ги барањата наведени на екранот од банкоматот.
  • Покријте ја Вашата рака додека го внесувате PIN кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.
  • На крајот од трансакцијата не заборавајте да ја земете Вашата картичка.

На продажни места

  • Проверете ги износите на трансакциите за да се осигурате дека е точен износот кој го одобрувате со внесувањето на PIN кодот и Вашиот потпис.
  • Осигурајте се дека продавачот Ви ја вратил картичката и Вашата копија од потврдата за трансакцијата.
  • Чувајте ја картичката близу до Вас и внимавајте на џепчии.
  • Покријте ја Вашата рака додека го внесувате PIN кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.

Додека патувате

  • Пред да појдете на пат, проверете го датумот на истекување на картичката и осигурајте се дека имате доволно расположливи средства на сметката.
  • Забележете го бројот на Центарот за авторизација при Службата за банкарски картички.
  • Чувајте ја картичката одвоено од готовината – во случај на губење да не ги изгубите и двете.
  • Направете фотокопии од картичката и од пасошот и чувајте ги копиите на безбедно место.
  • Следете ги сите совети за безбедност при купување со картичка на продажно место и подигнување готовина од банкомат.

При купување на Интернет

  • Купувајте само од интернет сајтови на проверени компании во кои имате доверба.
  • Препорачуваме да купувате од интернет-сајтови кои ја имаат ознаката Mastercard SecureCode® или Verified by Visa. Интернет продавниците кои не ја поседуваат оваа ознака го немаат 3D Secure стандардот и како такви носат зголемени ризици од можна злоупотреба.
  • Никогаш не го внесувајте PIN кодот – тој никогаш не е потребен за вршење на нарачка.
  • При вршење на нарачка преку Интернет најчесто продавачот ги бара следните податоци: име и презиме, адреса, број на картичката, код за валидација CVC или 3 digit value (се наоѓа на задниот дел од картичката) и рокот на важност на картичката.
  • Осигурајте се дека интернет страницата на која ги внесувате податоците од Вашата картичка е безбедна – побарајте сликичка од клуч или заклучено катанче на долниот десен дел од екранот и проверете дали интернет адресата започнува со https:// наместо со http://.
  • Водете евиденција за интернет сајтовите од кои купувате. Многу интернет продавници доставуваат e-mail до купувачот со сите податоци од нарачката – чувајте ја пораката и испечатете примерок од неа. Ова ќе ви помогне при проверка на изводот, а корисно е и во случај на рекламација.
  • Не користете јавен компјутер. Доколку сепак купувате преку јавен компјутер, не го користете копчето „remember me“ (запамети ме) и одлогирајте се откако ќе завршите со нарачката.
  • Никогаш не испраќајте податоци за Вашата картичка доколку не сте ја иницирале Вие нарачката.
  • Проверете ги условите за продажба и откажување на нарачката, бидејќи при меѓународни плаќања е можно да бидете изложени на дополнителни царински и други трошоци.
  • Доколку ја откажувате нарачката по плаќањето, задолжително побарајте број со кој се потврдува откажувањето на нарачката, како би избегнале плаќање за веќе откажана нарачка.
  • Побарајте телефонски број и e-mail за контакт со продавачот и запишете ги.
  • Доколку добиете известување за дополнителна автентикација со еднократен код од 3DES Secure безбедносниот систем, истиот ќе Ви биде испратен во СМС порака на телефонскиот број што сте го пријавиле во Банката. Откако ќе го добиете овој верификациски код, потребно e да го внесете во прозорецот кој ќе се отвори на интернет-страницата со цел да се реализира плаќањето.

Промена на PIN код на банкомат

  • При промена на PIN кодот на банкомат внимателно одберете го новиот PIN код.
  • Банката препорачува новиот PIN код да не содржи броеви од датумот на раѓање, низа на броеви, четири исти броеви како на пример: 0000, 1111, 1234.
  • Запомнете го новиот PIN код – никогаш не го запишувајте или кажувајте на друг.

Лични финансии

Навики кои оставаат впечаток дека сте непрофесионални

Објавено

на

Секој од нас има свои добри и лоши навики. Некои од нив несвесно ги правиме и надвор од домот и приватноста. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Како да пронајдете купувачи за вашиот производ?

Објавено

на

За целосно развивање на вашата деловна идеја и претворање во специфична услуга или квалитетен производ, а потоа да ги привлечете оние кои сакаат да го користат производот или услугата и притоа цената да одговара на нивна плата, потребно е да го истражувате пазарот, да ја идентификувате вашата целна публика и да се запознаете со нејзините потреби. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Што прават успешните претприемачи секој ден пред работа

Објавено

на

Ноќните бувови може да бидат креативни, но раните станувања се побогати и попродуктивни. Претприемачите кои сакаат да го направат тоа треба да ги прескокнат доцните ноќни сесии и да почнат рано во денот за да им помогнат на своите компании да растат. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange