Connect with us

Останато

Собранието одлучи: Се бришат долговите од камати за сметки за струја, вода, телефони и кабелска

Објавено

на

Собранието денеска го донесе Законот за отпишување камати за наплата на долгови што произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, поднесен од пратениците и од опозицијата и од владејачките партии.

Законот за отпишување на камата за наплата на долгови обезбедува отпис на затезната односно казнената камата, што се однесува на главниот долг и на трошоците на постапката за комунални дејности, електрична, топлинска енергија, вода и смет, телефонија, мобилни и кабелски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, вклучувајќи ги и трошоците на постапката од страна на должникот.

Законот предвидува отпишување на каматата што се пресметува од поднесување на тужбата за присилна наплата на паричниот долг, до конечна исплата на паричното побарување.

Станува збор за проблем со кој граѓаните се соочуваат од 2011 година, кога извршните предмети од судовите се пренесени кај нотарите, а потоа тие завршуваат кај извршителите. Во тој процес најголеми жртви се граѓаните кои се соочија со огромни затезни и казнени камати за предмети за кои не биле ни свесни дека постојат, ниту пак дека има предлози за присилна наплата.

Отпис на долговите, согласно законот, се врши врз доброволна основа од страна на доверителот.

Доверителите, кои се во приватна сопственост, доброволно одлучуваат преку своите органи на управување, за едностран опис на побарувањата по основ на наплатата на затезната, односно казнената камата на главниот долг од должниците физички лица кои стекнале право на отпис на камата согласно член 3 од овој закон.

Доверителот е должен во рок од 15 дена по приемот на доставениот доказ за извршена уплата на главниот долг, да го извести должникот по писмен пат со препорачана пратка на адресата што е регистрирана кај доверителот, за усвојување (целосно или делумно) или за одбивање на отписот на каматата.

Доколку доверителот изврши отпис на каматата, должен е веднаш, но не подоцна од осум дена по донесената одлука, за истото да го извести нотарот или извршителот кај кого било трансферирано решението за извршување издадено од судот, дека е исплатен главниот долг и извршен е отпис на каматата, заради што бара запирање на постапката пред нотарот или извршителот.

Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите и нотарите (по предмети кои произлегуват од овој закон) и од услуги утврдени со член 1 од овој закон, по претходно прибавено мислење од Комората на извршителите и нотарите, ја донесува министерот за правда во рок од 30 дена од денот на влегување во сила.

Во рамки на 65 седница пратениците дадоа поддршка и на измените на Законот на државна статистика, дополнувањата на Законот на аудио-визуелни добра, измените на Законот за академија за наставници, на Законот за наставници во основните и средните училишта, дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, а во прво читање поминаа измените на Законот за нотаријат и измените и дополнувањата на Законот за извршување.

Останато

Арсовска со висока награда во Дубровник: „Трите К“ – најголем предизвик за претприемачите

Објавено

на

Сојузот на стопански комори (ССК) учествува на 6. Регионален самит на претприемачи кој на високо ниво се одржува во Дубровник, Хрватска. Претседателот на ССК, Данела Арсовска,  учествува на панел сесијата посветена на улогата на деловните организации во развој на претприемништвото  на национално ниво и предизвиците со кои претприемачите се соочуваат. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Градежна комора: Растот на трошоците го диктира растот  на цената на квалитетните станови

Објавено

на

Градежната комора на Македонија информира дека трендот на пораст на трошоците за градежни материјали, но и за вработените во градежните компании се случува во континуитет. Последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) само ја потврдуваат состојбата и покажуваат дека трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во четвриот квартал од минатата година во однос на тој квартал од претходната година, се повисоки за 5,9 отсто, трошоците за материјали се повисоки за 3,2 отсто и трошоците за вработените се повисоки за 13 отсто. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории

Објавено

на

Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории е предвидено во работната верзија на Законот за платежни услуги и платни системи што го подготвува Министерството за финансии во соработка со Народна банка, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишување на Меморандум за финансиска инклузија.

“Работната верзија предвидува сметката со основни функции да биде бесплатна за ранливите категории, односно по закон ќе добијат бесплатни услуги за отворање, водење сметка, уплати и исплати. За останатите потрошувачи, платежната сметка со основни функции ќе биде со разумен надоместок. Ќе напоменам, дека за да се отвори сметката, граѓаните не треба да поседуваат друга сметка со основни функции на свое име, како и дека на оваа сметка нема да можат да одат во минус”, изјави министерот за финансии Тевдовски.

Исто така, се воведуваат решенија во Законот за платежни услуги и платни системи, што ќе доведат до либерализација на пазарот на платежни услуги. Ова ќе придонесе за засилена конкуренција и нови, иновативни начини на плаќање, лесно достапни и со помали трошоци, рече Тевдовски.

Тевдовски посочи дека ова е првиот чекор кон поголема финансиска инклузија, што предвидува сите да имаат пристап до финансиски услуги и тоа на лесно достапен, безбеден начин и под прифатливи цени.

“Придобивките од финансиската инклузија се повисок раст на БДП и помала доходовна нееднаквост. Анализите на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека преку обезбедување на пристап до сметки, кредити, за жените, за ранливите категории, се овозможува побрз и поинклузивен економски раст. Друга придобивка од финансиската инклузија е дека таа привлекува повеќе луѓе во формалниот сектор, што во фискалниот дел значи повеќе приходи во буџетот. Повеќе приходи во буџетот пак значат подобро здравство, образование, инфраструктура и други јавни услуги”, рече Тевдовски.

Финансиската едукација е исто така значаен инпут во финансиската инклузија, рече министерот за финансии. Тој ги повика заинтересирани училишта кои би сакале да организираат посети за учениците на Министерството за финансии или да им се организираат предавања во училиштата, да се пријават на маилот edukacija@finance.gov.mk.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange