Connect with us

Компании

СН осигурителен брокер издаде нова емисија акции и го зголеми капиталот за 1,3 милиони евра!

Објавено

на

Со одлука на Собрание на акционери на осигурителното брокерско друштво „СН осигурителен брокер АД Битола”, Друштвото изврши втора емисија на хартии од вредност преку приватна понуда, при што се издадени и запишани вкупно 25.690 обични акции со номинална вредност од 50 евра според среден курс на НБРСМ на ден 04.11.2020 година.

Тоа значи дека вкупната вредност на новата емисија на хартии од вредност на осигурителното брокерско друштво „СН осигурителен брокер АД Битола” изнесува 1.284.500 евра.

Новоиздадените акции се запишани од актуелните акционери, пропорционално со нивното постоечко учество во основната главнина на друштво.

Ова е позитивно случување на пазарот на капитал, бидејќи мал е бројот на компании коишто одлучуваат да го зголемуваат капиталот преку издавање на нови емисии на акции.

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

Тимот на ТИГО Фајнанс се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ.

Поради брзиот раст на компанијата, потребни им се амбициозни колеги кои ќе ја пополнат позицијата:

(more…)

Продолжи со читање

Компании

КаСис бележи раст на добивката во 2020 и најaвува нови инвестиции за дигитални технологии во 2021

Објавено

на

Процесинг центарот Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис) реализираше забележителни резултати во 2020 година и покрај отежнатите услови за функционирање и ограничувањата што ги наметна пандемијата. Во периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година КаСис оствари нето добивка за финансиската година во износ од 45.568.241 илјади денари, што е за 75% поголема од нето добивката за 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Зголемете го вашето присуството на пазарот со myWorld Partner програмата

Објавено

на

Најголемата меѓународна програма за лојалност на потрошувачи кај малите и средни претпријатија, myWorld (мајВорлд), е во постојан раст, како во светот така и кај нас. Според последните анализи, во Македонија секој месец просечно по 10 нови трговски партнери започнуваат да ја користат мајВорлд партнер програмата (myWorld Partner Program). (more…)

Продолжи со читање


Популарно