Connect with us

Домашни банки

Снежана Георгиева предложена за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола објави јавен повик за учество на 47-та седница на Собранието на акционери на Банката, закажана за 11.11.2020 година (среда), со почеток во 12.00 часот, во седиштето на Стопанска банка а.д. Битола.

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите со право на глас, кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред, како и одлуки по точките од дневниот ред.

Друштвото за производство и трговија Пелистерка АД Скопје коешто како акционер во Стопанска банка а.д. Битола поседува вкупно 66.437 акции со право на глас или процентуално изразено 16,99% од вкупниот број издадени акции во сопственичката структура на банката, согласно одредбите од Законот за трговски друштва врз основа на објавениот јавен повик достави предлог за дополнување на дневниот ред по однос на точката со реден број 3, поточно достави Предлог-одлука за именување член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола.

Акционерот ДПТ Пелистерка АД Скопје за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола ја номинираше г-ѓа Снежана Георгиева.

Предлогот се базира на соодветно знаење и искуство на номинираниот кандидат кои ќе допринесат за успешна работа на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола.

Снежана Георгиева е дипломиран економист на Економски факултет, која е дел од одборот на директори во ДПТ Пелистерка АД Скопје во функција на Неизвршен член.

Домашни банки

МБА: Македонскиот банкарски систем е стабилен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација следејќи ги најновите настани и дискусии во јавноста одржа состанок на кој се дискутираше за здравоста на банкарскиот систем и улогата на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола започна со предвремена исплата на октомвриските пензии

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти пензионери дека исплатата на пензиите за месец октомври, се изврши во 4 групи во сите отворени експозитури на банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Донација за СОУ Јосип Броз Тито од Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола донираше инвентар, училишни клупи и столчиња во гимназијата Јосип Броз Тито во Битола. (more…)

Продолжи со читање

Популарно