Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Смиљан Мори за прв пат во Скопје!

Објавено

на

Смиљан Мори, по професија дипломиран правник, но всушност еден од најдобрите мотивациски говорници на денешницата.

Мотивирал многумина во Русија, Казахстан и Украина. Кариерата ја продолжува во Америка каде што ја издава книгата “Разбуди се и живеј го животот што го сакаш„ (“Wake up and live the life you love„). Тој е пример што ги инспирира луѓето да живеат среќен, исполнет и успешен живот.

На 23.06.2018 Мори доаѓа во Скопје под насловот “Вие сте вашите уверувања„ (“Vi ste vasa uverenja„).Ќе дознаете како:

  • Да се ослободите од длабоко вкоренетите ограничени верувања што ве спречуваат да го живеете животот што го сакате,
  • Да уживате во себе и ставете се на прво место,
  • Да ја откриете вашата страст и како да ја претворите во прекрасна кариера и профитабилен бизнис,
  • Да се ослободите од лошите навики, како што се пушењето цигари и алкохолот, да се ослободите од токсичните луѓе и околината што ве повредуваат,
  • Да имате прекрасни врски со семејството и пријателите,
  • Да привлечете љубов и среќа во вашиот живот,
  • Да успеете во вашата област, без разлика од каде доаѓаат твоите корени
  • да живеете живот без сочувство,
  • Да стекнете неограничена самодоверба и најдобра верзија на самиот себе,
  • Да излезете од зоната на комфор и да имате храброст да бидете Вие- токму тоа што сте!

2018 година е клучната година за да направиме промена во нашите животи и голем чекор кон подобра иднина.

Се гледаме на 23.06.2018 во Хотел Holiday Inn во Скопје, во 10 часот. Пријавувањето за семинарот можете да го направите на следниот линк или информирајте се повеќе тука.

Останато

7% од кредитоспособните лица, лани зеле брз кредит

Објавено

на

Граѓаните се заинтересирани за услугите на финансиските друштва, познати како брзи кредити. Земаат просечно меѓу 200 и 400 евра кредит, а во минатата година седум отсто од кредитоспособното население во земјава било опслужено од овие финансиски друштва. Од година во година секторот расте, а за поголема сигурност за потрошувачите дел од овие друштва што работат во земјава формираа Асоцијација на финансиски друштва. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Сузбивање на сивата економија е можно со здружена стратешка акција

Објавено

на

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум на тема: „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“, во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија. На високо ниво, претставниците на Владата, домашни и странски експерти, професори и истакнати стопанственици дискутираа за најголемите предизвици на компаниите во борбата со сивата економија, конкретни решенија за нејзино сузбивање како и очекуваните ефекти за стопанството и економијата од воведување  на нерегистираните субјекти во системот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фондовите од вториот пензиски столб управуваат со милијарда евра на 490.000 идни пензионери

Објавено

на

На крајот на минатата година во двата отворени задолжителни фонда од вториот пензиски столб – КБ Прв пензиски фонд и Сава пензиски фонд членуваа вкупно 490.035 идни пензионери на кои од личниот доход им се издвојуваат средства во задолжителните пензиски фондови. На крајот на 2018 година тие управуваат со безмалку 1 милијарда евра средства на своите членови колку што се собрани во 13те години, односно од почетокот на пензиската реформа во 2006 година. Иако на самиот почетокот на реформата, стартната позиција на двете друштва беше иста, сепак КБ Прв пензиски фонд сега има повеќе членови, поголемо пазарно учество и управува со повеќе средства во споредба со другиот фонд, односно управува со портфолио кое е поголемо за околу 62 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange