Connect with us

Останато

Сметководителите предупредуваат дека без системски решенија ќе следат големи проблеми

Објавено

на

Комората на сметководители на Македонија, ја презентираше моменталната финансиска состојба во стопанството погодено од вирусната инфекција Ковид19. Сметководството, како дејност има големи обврски и одговорности и веќе се чувствуваат последиците. Правните лица за кои се вршат сметководствени услуги, се веќе погодени од кризата и намалена им е ликвидноста, тоа се одразува со задоцнетото подмирување на обврските, многу од нив најавуваат и затворање на своите бизниси, со што повеќе од извесно е дека приходите брзо опаѓаат, беше истакнато на денешната прес конференција на Комората на сметководители на Македонија.

Претседателот на Комората на сметководители Драган Митковски, истакна дека сметководствената професија е засегната од моменталната состојба, со оглед на тоа што угостителите, продажните центри, агенциите и хотелите, две недели не работат, а останатите дејности работат со многу намален интензитет, а со тоа нема финансиски приливи. Голем број компании, за кои се вршат сметководствени услуги најавуваат затворање на своите бизнис, со што и приходите на компаниите од сметководствената дејност, повеќе од извесно е дека ќе се намалат.

„Доколку вака продолжи, кога ќе заврши оваа сериозна криза предизвикана од вирусната инфекција Ковид 19, ќе немаме стопанство. Сметководството и целиот финансиски сектор е од голема важност, со оглед на тоа што ги подготвуваат финансиските извештаи неопходни за работа на банките и институциите. Мерки кои треба да се преземат во моменталната состојба се пролонгирање на роковите за поднесување на даночни поднесоци и останати извештаи, 30 дена по престанок на вонредната состојба. За ова веќе се поднесени неколку барања до Влада, МФ, УЈП и ЦРМ, понатаму повратот на повеќе платеното ДДВ од страна на државата да се скрати од 30 на 20 дена. Укинување на обврската за плаќање на месечни аконтации на Данок на добивка, а добивката доколку ја има ќе си ја платат компаниите редовно следната година, истото важи и за Данокот на личен доход за засегнатите дејности за 2020, со што се подобрува ликвидноста и се обезбедува на крајот на годината данокот да го платат врз основа на реалниот резултат, кој поради пандемијата ќе биде понизок од оној во 2019, а кој се зема како база за пресметка на аконтациите. Потребно и е целосно укинување на сите затезни камати, не само нивно намалување, потоа сервисирање на долгот по основ на сите даноци во наредни 12 месеци по завршување на вонредната состојба. Дополнително, субвенционирање на плати и придонеси во сите сектори, не само туризам, транспорт и угостителство како први директно погодени, како и да се донесе Закон за кризен данок и фискална контрола во кризни ситуации, со времетраење од 6 до 8 месеци. Со ова ќе се води контрола на профитерство во кризни моменти како и ќе даде можност за менаџирање на приходната и расходна страна на буџетот“, рече Митковски

Тој додаде и дека во Комора на сметководители во тек е акција на прибирање средства со кои ќе се обезбедат хигиенски препарати, заштитни маски и ракавици, кои ќе се донираат на некои од ранливите категории и членовите на Комората, се на располагање на државните институции за про боно помош особено за анализа на флуктуациите во економијата и изготвување на акциски план.

Александра Андреева член на УО на Комората на сметководители истакна дека во мерката за безкаматно кредитирање вчера што ги објави Развојната банка, критериум за директната кредитна линија процесот за аплицирање бара документи како тековна состојба, завршна сметка за фискалната 2019 година, потврда за платени даноци и придонеси од УЈП и уште 5 други образци, документи кои најчесто ги вадат сметководителите и со ова ќе се зголеми фреквенцијата во работа на терен со компании, странки и вработени по шалтери по институции, што дополнително ќе го зголеми степенот на можност за здравствениот ризик.

„Бараме итно, за овие документи да се плати единствено административна такса, а Развојната банка да си ги добави електронски по службена должност што ќе го намали времето за добавување и аплицирање, дополнителните финансиски трошоци и време, а ќе го намали и ризикот по здравјето на вработените во нашата дејност. Дополнително, во услови кога сите светски економии за повеќе месеци ги одложуваат роковите за поднесување на сите даночни поднесоци и останати извештаи, со цел да се намали движењето на луѓе и размена и контакт со документи кои не знаеме од каде доаѓаат, ние се соочуваме со одложувања од само неколку дена, а истото се објавува на ден пред истек на рокот. Со ова постојано сме во неизвесност, и во услови кога заради почитување на препораките и мерките за заштита работиме со намален човечки и временски капацитет, и ние, и целото стопанство, невозможно е да обезбедиме навремено и точно запазување на овие обврски без одложување“, изјави Андреева.

Таа додаде дека при носење на сите мерки, Владата и надлежните институции треба да ги имаат предвид сметководителите кои го носат најголемиот дел од товарот во спроведување на терен на сите мерки кои тие ќе ги донесат, како најважна алка меѓу државата и стопанството, при тоа во сето ова мора да биде зачувано нивната добросостојба, дигнитет и здравје.

Останато

УЈП го заокружи и третото тримесечје од МојДДВ, граѓаните ќе добијат 5,6 милиони евра!

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека на 31 март 2020 година го заокружи третото тримесечје од МојДДВ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Мерката МојДДВ нема да се стопира, но можно е да се овозможи опција за донирање

Објавено

на

Владата засега не планира да ги стопира мерката поврат на ДДВ кон граѓаните „МојДДВ моја заштеда” и наградната игра поврзана со оваа мерка, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес конференција. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Имаме три сценарија за справување со последиците од кризата

Објавено

на

Министерството за финасии има три основни сценарија – поволно, неповолно и најнеповолно за справување со последиците што ги предизвика коронавирусот во економијата, а најголемиот удар во сите се очекува во вториот квартал од годинава, најави денеска министерката за финасии Нина Ангеловска. (more…)

Продолжи со читање

Популарно