Connect with us

Кредити

СМАРТ потрошувачки кредит од ТТК Банка со 4,25% годишна фиксна каматна стапка во првите две години

Објавено

на

Животот е најдрагоценото нешто што го поседуваме и е полн со предизвици. Затоа е многу важно да ја планираме иднината, да бидеме сигурни и подготвени за сите изненадувања што ни ги носи утрешниот ден!

ТТК Банка АД Скопје, во соработка со „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје, овозможува корисникот на кредитот дополнително самостојно да го обезбеди својот кредит, а притоа да добие поповолни кредитни услови. Истовремено, со изборот на полисата за ризико животно осигурување како дополнително обезбедување на кредитот се обезбедува финансиска сигурност за корисникот на кредитот и за неговите најблиски така што во случај на несакан настан (смрт) на осигуреното лице осигурителното друштво го подмирува преостанатиот кредитен долг.

СМАРТ ненаменскиот потрошувачки кредит е наменет за сите кои мислат на својата иднина и на иднината на своето семејство и овозможува: поголема финансиска сигурност и безгрижност, поволна премија за осигурување, најповолни кредитни услови, едноставно и брзо договарање во деловната мрежа на ТТК Банка АД Скопје.

  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за одобрување во промотивен период до 31.5.2021 година, за постојни корисници на VISA кредитна картичка или со одобрена картичка пред исплата на кредитот (без годишна членарина во промотивен период до 31.5.2021 година)
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за администрирање
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК за предвремена отплата
  • НАЈНИСКА ФИКСНА каматна стапка од 4,25% годишно во првите две години
  • БЕЗ ЖИРАНТИ до 1.200.000 денари
  • ПОДОЛГ РОК на отплата до 120 месеци
  • Сo животно осигурување што покрива ризик од Covid-19

Повеќе информации за СМАРТ потрошувачкиот кредит со ризико животно осигурување на ТТК Банка АД Скопје на следниот линк.

Кредити

НЛБ Банка со нова промотивна кампања за кредитите за физички лица

Објавено

на

Од денеска, први септември, НЛБ Банка започнува нова промотивната кампања за кредити наменети за физички лица. Следејќи ги потребите и барањата на клиентите, во рамките на кампањата овозможени се низа поволности за сите оние кои во периодот од 1 септември до 31 октомври 2022 година ќе аплицираат за некој од кредитните продукти на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со нова кредитна линија за стимулирање и развој на домашните компании

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје во соработка со Развојната Банка на Република Северна Македонија (РБСМ) воведува нов кредитeн продукт за правни лица со субвенционирана каматна стапка. Станува збор за кредитен продукт на износ до 30.000.000 денари, со субвенционирана фиксна годишна каматна стапка до 4% и рок на отплата до 12 месеци. За него ќе можат да аплицираат домашните компании кои оствариле добивка во 2021 и се одлучиле истата да ја реинвестираат. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Нова кредитна линија од Комерцијална банка за обртни средства за вашиот бизнис

Објавено

на

На вашиот бизнис му требаат обртни средства? Комерцијална банка ви нуди кредит до 30.000.000 денари со субвенционирана камата преку Програма на Развојната банка на Северна Македонија, наменета за компании кои ја реинвестираат добивката од 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно