Connect with us

Домашни банки

СМАРТ потрошувачки кредит на TTK Банка АД Скопје во соработка со Триглав Осигурување Живот АД Скопје со многу нови поволности и привилегии за клиентите

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје, во соработка со Триглав Осигурување Живот АД Скопје, следејќи ги потребите на клиентите, воведе низа новини и привилегии за своите клиенти со цел заштеда на семејниот буџет и подигнување на свеста за здрави животни навики.

Соработката нуди можност клиентите кои во наредниот период ќе склучат осигурување на животот во експозитурите на Банката да добијат единствена можност при користење на потрошувачки кредит, да користат привилегија за отплата на кредитот со најниска фиксна каматна стапка во првите две години од 4,25% за СМАРТ потрошувачки кредит. СМАРТ потрошувачкиот кредит е достапен без трошоци за одобрување и администрирање, на износ до 1.200.000 денари, без жиранти со вклучена полиса за животно осигурување од Триглав Осигурување Живот.

Корисниците кои во промотивниот период ќе склучат полиса за осигурување живот се стекнуваат со право на бесплатно користење на Триглав Смарт картичката за лојалност, која е вистинска бенефиција и нуди користење на попусти и поволности кај огромен број соработници. Програмата е новина на пазарот кај нас и е воведена исклучиво за подигнување на свеста за здрав начин на живот, здрави навики и рана превенција. Со скенирање на QR кодот можете да ја погледнете целата листа на соработници.

ТТК Банка АД Скопје овозможува брза и едноставна постапка за аплицирање и одобрување на кредитите, на 29 локации и 24/7 поддршка преку електронското банкарство TTK E-bank и мобилното банкарство TTK M-bank чиешто активирање и користење е бесплатно.

Со вклучување на осигурувањето во својата понуда, ТТК Банка АД Скопје станува прв избор на корисниците за кредитни производи, коишто вклучуваат животно осигурување, а кои Банката ги нуди со атрактивни фиксни каматни стапки од  4,25% во првите 2 години за СМАРТ ненаменски потрошувачки кредит3,45% во првите 10 години за СУПЕР станбен кредит, односно 4,70% во првите 3 години за хипотекарен кредит. Кредитите со РИЗИКО кредитното животно осигурување се во понуда БЕЗ НАДОМЕСТОК за одобрување во промотивен период до 30.9.2022 година, како и други поволности во редовната понуда на овие производи, како што се: фиксни каматни стапки на подолг рок, подолг рок на отплата, поголеми максимални износи на кредит, без трошоци за администрирање и без трошоци за предвремена отплата на кредитот.

Со РИЗИКО животното осигурување на Триглав осигурување Живот се добива кредитна заштита, којашто значи дека, во случај на несакан настан (смрт) на осигуреното лице, семејството не ги наследува кредитните обврски по основ на кредитот, а дополнителна придобивка е покривање на ризикот од Ковид-19.

Имајќи го клиентот во својот фокус, ТТК Банка АД Скопје постојано ја развива својата експертиза во креирањето производи коишто директно комуницираат со потребите на клиентите и можните ризици, сè со цел да им помогне на клиентите да инвестираат во сопствената иднина.

Повеќе информации за понудата и за промотивните кредитни услови се достапни на интернет-страницата на ТТК Банка АД Скопје, во експозитурите и филијалите на Банката, како и преку апликацијата за мобилно банкарство TTK M-bank.

Депозити

Колку заштедивте летово? Сега е моментот – 2% фиксна каматна стапка за орочени депозити во ПроКредит Банка

Објавено

на

Летната сезона е момент кога сакаме да се релаксираме, кога трошоците ни се предвидени за уживање, но секогаш е добредојдено да испланирате и сигурна заштеда за иднината! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„Поетска ноќ во Велестово“ по 34-ти пат со поддршка од Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка е долгогодишен пријател и поддржувач на македонското културно творештво со цел не само негово промовирање, туку и негување и создавање идни културни дејци. Во духот на оваа општествено одговорна мисија, Банката и оваа година го поддржа одржувањето на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово”. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„За повеќе детски насмевки“ – нова заедничка соработка на Шпаркасе Банка и СОС Детско село

Објавено

на

По повод 19 август – Светскиот ден на хуманоста, Шпаркасе Банка ја најавува новата соработка со својот долгогодишен партнер – СОС Детско село и заедничката кампања под мотото „За повеќе детски насмевки“, која ја пренесува силната порака за моќта на поврзувањето и градењето силни врски на доверба и поддршка, кои му се потребни на секое дете за да прерасне во силна индивидуа. (more…)

Продолжи со читање


Популарно