Connect with us

Кредити

СМАРТ кредит преку картичка – нов кредит од Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка го промовираше новиот револвинг потрошувачки кредит (СМАРТ кредит) кој е наменет за физички лица и во денари, истиот има и вклучено осигурување во случај на спреченост за отплата.

Новиот СМАРТ потрошувачки кредит може да се користи преку наменска картичка за подигање готовина од банкоматите на Банката, или со вршење безготовински пренос на средствата од кредитниот лимит на сопствена трансакциска сметка на Корисникот во Банката. Овој хибриден кредитен производ е комбинација помеѓу потрошувачки кредит и кредитна картичка на клиентите им овозможува повеќекратно користење на одобрените средства од кредитот преку картичка.

Со новиот СМАРТ кредит од Комерцијална банка добивате потрошувачки кредит и кредитна картичка во едно. Уште поважно, располагате со максимум 400.000 денари, кои ги трошите секогаш кога имате потреба од нив бидејќи кредитот се карактеризира со едноставна процедура за одобрување и без ограничен рок на важност.

Овој кредит има уште една поволност за корисниците, во случај на спреченост за отплата вклучува осигурување без надомест, преку Триглав Осигурување.

Расположивите средства од кредитот се достапни 24 часа на ден преку банкомат. Дополнително, преку услугите Интернет банка, мБанка и SMS банкарство на Комерцијална банка во секое време можетеда ги следите промените во состојбата на вашата сметка.

Промотивниот период без надомест за аплицирање и обработка трае до 31.12.2020 година.

 

Домашни банки

ТТК Банка со промотивна поволност за своите клиенти – без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување

Објавено

на

РИЗИКО кредитното животно осигурување или осигурување живот на корисници на кредит е достапно во сите експозитури и филијали на ТТК Банка АД Скопје, во соработка со осигурителното друштво „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Каде може да се земе хипотекарен кредит со 0% каматна стапка!?

Објавено

на

Земјата со најдолга историја на негативни стапки на кредитни производи на централната банка нуди 20-годишен хипотекарен кредит со нулта каматна стапка. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Кои се предностите на СМАРТ кредитот на Комерцијална банка?

Објавено

на

СМАРТ кредитот е револвинг потрошувачки кредит во денари за физички лица, со вклучено осигурување во случај на спреченост за отплата. Може да се користи преку наменска картичка за подигање готовина од банкоматите на Банката, или со вршење безготовински пренос на средствата од кредитниот лимит на сопствена трансакциска сметка на Корисникот во Банката. Овој хибриден кредитен производ е комбинација помеѓу потрошувачки кредит и кредитна картичка и на корисниците им овозможува повеќекратно користење на одобрените средства од кредитот преку картичка, согласно потребите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно