Електронско банкарство
СМАРТ КЕШ – нова услуга на Халкбанк преку која можете да повлекувате готовина од АТМ без користење на картичка

Халкбанк за своите клиенти физички лица воведе нова функционалност наменета за лица со активна трансакциска сметка и дебитна картичка, за повлекување на готовина од банкоматите без картичка, со користење на електронското банкарство и мобилната апликација.
Услугата Смарт Кеш која овозможува поголема флексибилност при користењето на готовина од страна на корисниците на електронско банкарство на Банката претставува новина на пазарот и е првата воведена услуга од овој тип во Македонија.
Мобилниот телефон на корисникот на електронско банкарство се претвора во уред за подигнување готовина или пак, уред за праќање готовина на други лица, кои притоа и не мора да бидат клиенти на Халкбанк.
Со избирање на полето СМАРТ КЕШ преку електронското банкарство или мобилната апликација го генерирате 10 цифрениот код кој треба да се искористи на АТМ на Халкбанк во времетраење од 12 часа. Истиот код може да се испрати на друго лице кое може да го искористи кодот за да подигне готовина од АТМ.
Повлекувањето готовина без картичка сега е можно со Халкбанк!
Повеќе информации за користењето на услугата СМАРТ КЕШ можете да најдете во следното Упатство.
*За активирање на услугата потребно е да направите update на мобилната апликација.
Електронско банкарство
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија започна со градење капацитети за раст на е-трговијата

Изминатите два дена беа целосно посветени на содржините од Дигиталниот самит, но во исто време и со иста цел – кон “Дигитална Македонија”, се случуваа и дводневните обуки за е-трговија која претставува интегрален дел од едно дигитално општество. Под името “Жени во е-трговија”, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија успешно ги реализираше дводневните обуки и тренинзи како дел од програмата која ја презентираа на прес-конференцијата пред неполн месец. (more…)
Електронско банкарство
Стопанска банка АД – Скопје и Mastercard ви овозможуваат да се запознаете со роботот Пепер

Стопанска банка АД – Скопје со несекојдневен, но прилично иновативен настан на 19-ти април 2018 година. (more…)
Електронско банкарство
Аплицирајте за Моја банка мобилното банкарство преку Вашата електронска банка

Почнувајќи од 03.04.2018 година, сите корисници на електронско банкарство на Охридска банка Сосиете Женерал, ќе можат на едноставен начин да аплицираат за Моја банка мобилното банкарство без да имаат потреба од посета на експозитурите на Банката. (more…)
-
Интервјуапред 2 месеци
Очекувања на г-дин Билал Суџубаши [Халкбанк] за случувањата во банкарскиот сектор во 2018 година
-
Сметкипред 3 недели
КИБС спроведува дигитализација во работењето и 24/7 достапен платен промет
-
Банкипред 4 недели
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка Македонија
-
Банкипред 1 месец
Оглас за вработување во Охридска банка Сосиете Женерал
-
Банкипред 2 месеци
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
-
НБРМпред 3 недели
Регулаторните институции се состанаа со цел утврдување на нивото на финансиска писменост на населението
-
Електронско банкарствопред 3 недели
Аплицирајте за Моја банка мобилното банкарство преку Вашата електронска банка
-
Анализипред 3 недели
ТТК Банка АД Скопје го објави финансискиот план за периодот од 2018 – 2020 година