Connect with us

Депозити

Слончето кое ќе го промовира детското штедење на Халкбанк доби име – ХАЛКИ!

Објавено

на

По повод месецот на штедење, Халкбанк ја претстави својата нова маскота за Детското штедење – слонче и воедно преку конкурс го одбра името на слочнето – ХАЛКИ.

Со огромно задоволство ви го претставуваме нашето слонче Халки! Од денес, Халки ќе ви помогне да разберете сè што треба за навиките за штедење на вашето дете и ќе биде ваш пријател во создавање на посигурна и среќна иднина! Ѝ честитаме на Елеонора К. што го даде најкреативното име за малиот Халки и си доби подарок – штедна книшка со 10 000 денари!” – објавија од банката на официјалниот Фејсбук профил.

Прочитајте повеќе за детското штедење во Халкбанк на следниот линк.

Депозити

„Зимски депозит” на УНИБанка нуди фиксна камата од 3,30 % за физички лица

Објавено

на

Во годините после финансиската криза централните банки низ светот остро ги намалија каматните проценти во обид да го стимулираат стопанскиот раст, инвестициите и вработеноста. Во некои држави оваа стратегија проработи успешно, а во други не сосема, но така или вака, мнозинството од економистите и пазарните аналитичари се на мислење дека ерата на „нулта каматите” веќе е на својот крај.

Согледувајќи ги овие особености, банките во Македонија почнаа да нудат различни производи со атрактивни услови. Современиот живот стана сѐ поинтензивен и забрзан и корисниците имаат потреба од комплексни услуги, кои ги задоволуваат нивните барања и ги решаваат нивните проблеми во различни правци. Овие факти им се добро познати на финансиските институции, кои вешто ги ловат желбите на корисниците.

Новиот „Зимски депозит” од „Уни банка” ги обединува предностите на неколку производи, со тоа што истовремено нуди највисока профитабилност на пазарот во моментов. Влогот е со флексибилни услови, се нуди со различни рокови и варијанти за користење, при што со депозит за рок од 36 месеци, клиентот ја добива највисоката понудена камата на банкарскиот пазар кај нас – 3,30%. Каматата е фиксирана во текот на целиот период на депозитот.

Зимски депозит” е производ за физички лица во евра и во денари. Каматата за депозитот е непроменлива до крајот на рокот на депозитот, кој може да се избира согласно желбата на клиентот: 36, 24 или 12 месеци. Минималната големина на влогот е утврден во висина од 5.000 евра/300.000 денари, со тоа што износот може да се зголемува без ограничувања во текот на целиот период на договорениот рок.

Високата профитабилност доаѓа во текот на февруари со новиот производ на „Уни банка” заедно со уште неколку бонуси, од кои клиентите можат да имаат корист. Со „Зимски депозит” вложувачите добиваат бесплатно електронско и мобилно банкарство, бесконтактна кредитна картичка со ограничување до 30.000 денари и бесконтактна дебитна картичка со можност за користење на пречекорување до 30.000 денари. Предноста на производот, е и опцијата за електронско и мобилно следење на профитабилноста на депозитот во секој момент од страна на клиентите.

Продолжи со читање

Депозити

Нов депозит „Среќна среда” од Халкбанк

Објавено

на

Некои велат, среда е денот на среќата. Но, зошто токму среда? Постојат истражувања кои велат дека секаква умствена активност во денот среда, како читање, пишување, разговарање, би се одвивала со посебен фокус и внимание. Оттука, не случајно и се користи терминот „среќна среда“, а пак Халкбанк воведува нов промотивен депозит кој ќе биде активен токму секоја среда, и тоа со посебни услови. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Стопанска банка а.д. Битола подарува прочистувачи, но само за клиентите од Битола!

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола придонесува кон грижата за здравјето на своите клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange