Connect with us

Странски банки

Словенците развија уред за дезинфекција на банкноти

Објавено

на

Трочлен тим од Гросупље во Словенија, разви уред направен да ги дезинфицира банкнотите со помош на ултравиолетови зраци.

За уредот се тврди дека е единствениот во светот кој може да дезинфицира и до сто банкноти во минута.

„Нашите животи полека се враќаат во нормала, но по оваа пандемија на коронавирусот ќе мораме да бидеме многу повнимателни“, изјави еден од членовите на тимот, Жан Брезец.

Тој изјави дека отежнувачката околност во развојот на овој уред е фактот дека сè е направено за време на карантинските мерки заради COVID-19.

Како што пренесува „STA”, неколку словенечки банки веќе се заинтересирани за овој уред, а една од нив ќе започне да го тестира во наредните денови, а тимот посочува дека во моментов има само три слични уреди на светскиот пазар.

Странски банки

Дојче Банк и Гугл договорија повеќегодишно стратешко партнерство

Објавено

на

Deutsche bank” објави дека договорила повеќегодишно стратешко партнерство со „Google“ со цел да му се овозможи на германскиот банкарски гигант пристап до Клауд (облак) услуги и да започне иновации со технолошко-финансиски производи за своите клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Банките ширум светот ќе претрпат загуба од 2,1 трилион долари како последица на коронавирусот!?

Објавено

на

Банките ширум светот се соочуваат со вкупна загуба од кредити во вредност од 2,1 трилион долари (1,66 трилиони фунти) до крајот на 2021 година како последица на кризата од коронавирусот, анализира рејтинг агенцијата „S&P Global“, пренесува „Ројтерс“. Според анализата на агенцијата за кредитен рејтинг, загубата оваа година ќе достигне 1,3 трилиони долари, што е повеќе од двојно од нивото од 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Корона-кризата започнува да го забавува работењето на словенечките банки

Објавено

на

Тековната корона-криза и воведените мерки за ограничување на ширењето на пандемијата негативно влијаат врз работата на словенечките банки, при што растот на кредитите за домаќинствата се преполови, а растот на корпоративните кредити, исто така, постепено забавува во периодот од јануари до мај, соопшти Централната банка на Словенија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно