Connect with us

Останато

Словенија се задолжи со негативна каматна стапка – ќе врати 17 милиони евра помалку!?

Објавено

на

Словенија се задолжи со две милијарди евра на меѓународниот финансиски пазар со издавање на обврзници со 10-годишна и 30-годишна рочност, објави словенечкото министерство за финансии.

Од ресорното министерство изјавија дека задолжувањето е извршено под исклучително поволни услови и дека обврзниците со десетгодишна рочност се договорени со негативна каматна стапка.

Што значи негативната каматна стапка по основ на отплата на долгот?

„Словенија издаде десетгодишна обврзница со камата до доспевање во висина од минус 0,096 проценти и купонска каматна стапка од нула проценти во висина од 1,75 милијарди евра, што значи дека при исплатата на заемот кон инвеститорите ќе добие 17 милиони евра кои нема да треба да се враќаат“, објаснуваат од министерството за финансии на Словенија.

Истовремено, Словенија позајми 250 милиони евра со зголемување на издавањето на постоечката обврзница со рок на доспевање од 30 години, со каматна стапка од 0,381 процент.

„Условите за двата долгови покажуваат долгорочна доверба на инвеститорите кон Словенија, која се заснова на одлуките донесени од Владата во тешкото време на пандемија на коронавирусот“, се вели во соопштението.

Останато

Владата ја усвои Програмата за економски реформи 2021-2023

Објавено

на

Владата ја усвои тригодишната стратегија за структурни реформи – Програма на економски реформи (ПЕР) 2021-2023, соопшти Министерството за финансии. Програмата, чија подготовка ја координира Министерството за финансии, ја содржи среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и структурните реформи што треба да се спроведат, а кои се утврдени преку заеднички дијалог со Европската комисија.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ ја зголеми прогнозата за годинешниот глобален раст на 5,5 проценти

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата на глобалниот раст за 2021 година за 0,3 проценти, на 5,5%, изјави главната економистка на ММФ, Гита Гопинат при претставувањето на јануарскиот извештај „Светски економски изгледи 2021 година“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот стана долгорочна инвестиција!?

Објавено

на

Биткоинот достигна рекордни 42.000 долари на 8 јануари, но во последните денови направена е значителна корекција, бидејќи најпознатата криптовалута почна да ја губи својата вредност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно