Connect with us

Странски банки

Словенечката НЛБ по една година на Лондонска берза ја „мерка“ Албанија за ширење на пазарот

Објавено

на

Словенечката банкарска групација НЛБ размислува за проширување на пазарот, а главна мета е Албанија каде постои голема шанса преку аквизиција да стане дел од банкарскиот систем на нашиот западен сосед.

Нова Љубљанска Банка одбележа една година од котирање на акциите на Лондонската берза каде на најголемиот европски пазар на капитал е претставена со глобални сопственички удели.

„Котирањето на Лондонската берза е посебна привилегија бидејќи носи пристап до глобалните инвеститори и глобалната финансиска индустрија“ – истакна Блаж Бродњак извршниот директор на Нова Љубљанска Банка.

Нова Љубљанска Банка планира да се прошири, а покрај зацврстувањето во Србија со аквизицијата на Комерцијална банка, Албанија е потенцијален пазар, порача Бродњак при одбележувањето на првата годишнина од котирањето на Лондонската берза.

Бродњак рече дека Нова Љубљанска Банка планира да започне со лизинг и факторинг повторно на почетокот на следната година, при што сите обврски и ограничувања паѓаат на продажба на НЛБ Вита осигурување.

Хартии во вредност со износ од речиси 180 милиони евра беа истргувани на Лондонска берза за една година, а цената е минимално зголемена од почетната вредност од 51,5 евра на 55 евра иако оваа сума варираше во изминатите 12 месеци.

Нова Љубљанска Банка планира да издаде субординирани обврзници, а во соработка со UBS Инвестициска банка, подготвува серија состаноци со инвеститорите на обврзници низ цела Европа помеѓу 6 и 8 ноември.

Овие обврзници според пазарните можности се очекува да достигнат вредност од околу 200 милиони евра на рок од 10 години со опција за предвремена исплата по поминати 5 години.

Странски банки

„Bank of England” ја зголеми основната каматна стапка со што ја зголеми загриженоста за рецесија

Објавено

на

Банката на Англија одлучи да ја зголеми референтната каматна стапка најмногу во последните 27 години, по што најави дека Велика Британија во последниот квартал од оваа година ќе влезе во рецесија, која ќе трае до крајот на следната година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Дојче банк оствари добивка од 960,2 милиони евра со што ги надмина очекувањата на аналитичарите

Објавено

на

„Deutsche bank” ги надмина очекувањата на пазарот и забележа добивка во осмиот последователен квартал, остварувајќи нето приход во вториот квартал од 1,046 милијарди евра (1,06 милијарди долари). (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централната банка на Русија ги продолжи ограничувањата за повлекување долари и евра од банкарските сметки

Објавено

на

Централната банка на Русија ги продолжи ограничувањата за повлекување долари и евра од банкарски сметки до март следната година, пренесува „Радио Слободна Европа”. (more…)

Продолжи со читање


Популарно