Connect with us

Странски банки

Словенечката НЛБ Банка ја презема најголемата српска банка

Објавено

на

Според „Вечерни новости“, српската влада донела одлука да ја прифати понудата на словенечката Нова љубљанска банка (НЛБ) за преземање на најголемата српска државна банка Комерцијална банка а.д. Белград.

Дури ни рекордната 2019 година во која Комерцијална банка а.д. Белград заработи 75,3 милиони евра не беше доволна за да ги предомисли носителите на оваа одлука да го променат мислењето, туку тие се решија да ја комплетираат продажбата до крај.

Словенечката НЛБ Банка ќе добие финансиска институција која покрива скоро 11 проценти пазарно учество од домашниот банкарски пазар.

Иако се шпекулира дека Нова љубљанска банка (НЛБ) понудила 450 милиони евра, овие информации сеуште не се потврдени.

Како и да е, јасно е дека Словенците понудиле поголема сумa од „АИК банка”, од српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ како втор и „Raiffeisen bank” како трет понудувач.

„Вечерни новости” потврди дека преговарачкиот процес е завршен и дека се очекува договорот да биде потпишан наскоро. Покрај во матичната земја во Србија, најголемата српска државна банка работи и на територијата на Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Во Република Српска, Комерцијална банка а.д. Белград се позиционираше како шеста банка.

Неодамна, Банката отвори експозитура во градот Дрвар за време на посетата на претседателот Александар Вучиќ. Вработува 4.000 лица и отвори сметки за сите 100 работници во новоотворената фабрика „Jumko“.

За да се добие мнозинска контрола над Банката, државата им исплати на акционерите со мал удел нешто повеќе од 260 милиони евра во 2019 година за да се стекне со 41,47 проценти од сопственоста.

Анализи

Како инвеститорот Бил Акман заработи милијарди од корона кризата додека берзите тонеа?

Објавено

на

Слично како при падот на пазарот на недвижности во САД во 2006-2008 година, кога се создаде огромната хипотекарна криза и кога се случи тешката финансиска криза, одредени инвеститори ги броеја милијардите, додека пак останатите во паника чекаа владини мерки за спас на пазарот на капитал.

Така и сега, во екот на корона кризата која ги потона берзите во САД и глобалните пазари, инвеститорот Бил Акман од неколку вложени милиони, заработи 2,7 милијарди долари, а со тоа практично го спаси неговиот инвестициски фонд Pershing Square Capital Management како и портфолијата на бројни компании и организации.

Наједноставно кажано Акман се обложи со 27 милиони долари дека економијата на САД ќе доживее крах и тоа пред еден месец, кога се појавија првите сигнали дека корона вирусот ќе се прошири насекаде во светот и ќе предизвика глобална пандемија.

Акман исто така ги ликвидираше повеќето корпоративни хартии од вредност за кои беше сосема извесно дека ќе изгубат многу од пазарната капитализација, па така спаси инвестиции на голем број од неговите клиенти кои препуштаат на неговиот фонд во што и како ќе инвестира, односно ќе ги оплодува нивните средства.

Pershing Square ја искористи кредитната заштита на индексите на обврзници со високи приходи и високи приноси за да оствари огромна добивка. Средствата се зголемуваа по вредност како што се зголемуваа шансите за пад на вредноста на корпоративните обврзници.

Акман оттогаш го искористи профитот за да ги зајакне инвестициите на Pershing Square во Berkshire Hathaway, Hilton, Lowe’s, Restaurant Brands International, и Agilent. Фондот, исто така, воспостави удел во „Старбакс“, откако ја продаде својата позиција во јануари.

Дел од аналитичарите го обвинуваа Акман дека со постапката шири страв и со тоа негативно влијание на инвесторите, но испадна дека неговиот облог и тоа како бил навремено осмислен и оправдан, иако покажува недоверба во способноста на пазарот да ги надмине брзо шоковите предизвикани од застој на економијата.

Акман исто така потенцира дека американската економија треба да биде ставена на „пауза“ во рок од триесет дена, да се претрпат сите загуби, но потоа да се надминат мерките за карантин и изолација штом пандемијата се стиши по примерот на Кина каде веќе нема потреба од затвореност и економијата, но и секојдневниот општествен живот се враќа во нормала.

Продолжи со читање

Странски банки

Француската банка „Crédit Agricole” со огромна помош за здравствените работници за време на пандемијата од коронавирусот

Објавено

на

Француската банка „Credit Agricole” воведе конкретни мерки за поддршка на здравствените работници во Србија – до крајот на тековнава година никој од медицинските работници нема да плати камата за кредит или нема да има други трошоци на дозволеното пречекорување или кредитна картичка, без оглед дали се работи за луѓе кои веќе имаат искористен дозволен минус или дури сега аплицираат. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

„Yapeal” прва стартап компанија која доби лиценца за финтек банкарство

Објавено

на

Дигиталната банкарска стартап компанија „Yapeal” стана првата компанија која од швајцарските власти доби лиценца за финтек банкарство. (more…)

Продолжи со читање

Популарно