Connect with us

Останато

Следуваат законски измени – Дали по одлуката на Уставен суд ќе има зголемување на банкарските камати?

Објавено

на

Ќе се менуваат повеќе законски решенија по одлуката на Уставниот суд за укинување на членот 163 од Законот за банки. Од министерство за финасии за „ТВ24″ потврдуваат дека ќе мора да се направат повеќе измени откако Фондот за осигурување на депозити ја изгуби предноста во наплата на побарувања при банкрот на една банка.

„Низ инклузивен процес ќе се решава новиот Закон – сите засегнати страни ќе бидат вклучени во дијалогот“, велат од Министерство за финансии.

Засега измени во работењето на Фондот за осигурување на депозити нема. Тие велат дека и натаму е гарантирана исплата на штедни влогови до 30 000 евра, останатите кои имаат средства над оваа сума своето побарување го намируваат од стечајната маса. Во случајот на Еуростандард банка, информираат тоа е веќе сторено.

„Фондот во законски рок согласно одредбите од Законот за стечај навремено го пријави своето побарување од должникот Еуростандард банка, кое побарување е признато со правосилно решение на судот. Тоа значи дека Фондот останува доверител во стечајната постапка, односно не го губи правото да си го намири своето побарување од стечајната маса и согласно законските одредби од Законот за стечај очекува да го намири истото“ – Фонд за осигурување на депозити.

По одлуката на Уставен суд за укинување на дел членот во законот – според познавачите извесно е дека следуваат промени.

Едно од прашањата е дали банките ќе посегнат по зголемување на каматите … дали по избугената предност фондот ќе мора да ги зголеми годишните премии што ги наплаќа од банките и шедилниците.

Од Здружението „Правда за штедачи“, по чија иницијатива Уставниот суд ја донесе одлуката велат дека банките не треба д апосегнат по зголемување на каматите.

„Токму обичниот граѓанин преку оваа одлука добива најмногу иако банките преку изјавите на нивните добро платени експерти се обидуваат да ја манипулираат јавноста преку закани односно дека преку покачување на каматните стапки истиот тој граѓанин ќе ја плати сметката на крај“ – Здружение „Правда за штедачи“.

Од Народната банка веќе оценија дека донесената одлука на Уставниот суд нема да влијае на состојбата и стабилноста на банкарскиот систем.

Криптовалути

Со појавата на новиот сој ОМИКРОН, крипто токенот „Омикрон“ ја зголеми вредноста за над 900%

Објавено

на

Се ближи крајот на 2021 година и веќе сè е токенизирано, односно криптовалутите се веќе секојдневие. Но, по големиот раст од неодамна, крипто пазарите и генерално криптовалутите паднаа минатата недела по веста за новата варијанта на коронавирусот Омикрон. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Колку изнесува К15 за оваа година?

Објавено

на

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Почна исплатата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Од денеска започна исплатата на ноемвриските пензии кои ќе се исплаќаат етапно со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање



Популарно