Connect with us

НБРМ

Следната недела ќе се одржи 44. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Објавено

на

На 26 септември 2022 година (понеделник), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 44. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Анализа на читливоста, темите и тонот на соопштенијата за јавноста за монетарната политика на Народната банка“ од Анита Циунова-Шулеска, Тања Јакимова и Николина Паламидовска-Стерјадовска.

По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Народната банка објави повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 25 септември 2022 година (недела).

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и разработка на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување / труд во работна верзија.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

НБРМ

Утре започнува 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура

Објавено

на

Народната банка на Република Северна Македонија и Централната банка на Холандија по четиринаесетти пат ја организираат Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура, со што продолжува традицијата за отворена и плодна дискусија за предизвиците и можностите коишто ги носи глобалниот бран на дигитализацијата за финансиските услуги. Годинава, 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура на тема: „Просперитетна иднина на дигиталните плаќања“, ќе се одржи во виртуелен формат, на 4 и 5 октомври 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Централните банки се фокусирани на одржување на ценовната стабилност

Објавено

на

„Во услови на изразени инфлациски притисоци централните банки мора да останат фокусирани на својата примарна цел, а тоа е среднорочната ценовна стабилност, што без никакво сомневање бара нормализирање на монетарната политика. Секако, при нормализирањето на монетарната политика централните банки водат сметка за ефектите врз економскиот раст и стабилноста на финансискиот систем“ – беше посочено од гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, која присуствуваше на Самитот на министри за финансии, гувернери на централни банки и директори на даночни управи, насловен „Финансиска и монетарна стабилност на регионот во услови на изразени геополитички ризици“, кој се одржа во Црна Гора. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за вториот квартал од 2022 година

Објавено

на

На редовната седница на Советот на Народната банка, беше усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за вториот квартал од 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно