Connect with us

НБРМ

Следната недела ќе се одржи 39. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Објавено

на

39. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка ќе се одржи на 1 јули 2021 година (четврток) со почеток во 14 часот, преку видеоконференциска врска на е-платформата „Вебекс“. На сесијата ќе бидe презентиран трудот:

– „Влијанието на претприемaштвото врз економскиот раст во земјите во транзиција и во земјите од регионот МЕНА (Среден Исток и Северна Африка): со осврт на Северна Македонија“, од Рејхан Сулејман.

За овој труд, Рејхан Сулејман ја доби Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година (прва награда).

Сите заинтересирани за учество на оваа сесија на Клубот на истражувачите можат да го најават своето учество најдоцна до 30 јуни 2021 година (среда) на е-адресата: info@nbrm.mk. По најавата на учеството, на сите пријавени учесници ќе им бидат испратени информации за најава на е-платформата на која ќе се одржи сесијата. 

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што подетални информации се достапни на веб-страницата на Народната банка.

НБРМ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ги презентираше априлските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска денеска ги претстави најновите, априлски, макроекономски проекции на Народната банка, пред меѓународната заедница – дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните институции. На настанот присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Обединетите нации (ООН), Програмата за развој на ООН (УНДП),  Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Унгарија, Словачка, Обединетото Кралство, Бугарија, САД, Холандија, Кина, Австрија, Хрватска, Германија, Словенија, Италија, Франција, Србија, Швајцарија, Шпанија и Косово. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Забавување на економијата со раст на БДП од 2,9 проценти

Објавено

на

Забавување на економијата со раст на БДП од 2,9 проценти предвидува Народната банка (НБ) во најновите пролетни проекции што е надолна корекција за еден процентен поен во однос на октомвриските проекции за 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка ја зголеми основната каматна стапка на 1,75%

Објавено

на

На 10 мај 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани најновите движења на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.
(more…)

Продолжи со читање


Популарно