Connect with us

Останато

Скоро 8.000 слободни работни места имало во четвртиот квартал од 2020, најмногу во преработувачката индустрија

Објавено

на

Во последниот квартал од минатата година стапката на слободни работни места изнесува 1,57%, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци во овој квартал имало 7.916 слободни работни места од кои најмногу се во преработувачката индустрија 2.210 и трговијата 1.283 слободни работни места.

Највисока стапка на слободни работни места од 4,13% има секторот рударство и вадење камен, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,06%.

Деловните субјекти со број на вработени од 50 до 249 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,89%.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,37%.

Според занимања најголем број слободни работни места, 2.044, има во услужните дејности и продажба.

Останато

Огромен интерес од регионот и Македонија за конференцијата за е-трговија „Redefining E-commerce: A(I) New Era”

Објавено

на

Шестата регионална конференција за е-трговија, оваа година под мотото „Redefining E-commerce: A(I) New Era” со сигурност станува еден од најпрепознатливите регионални бизнис настани. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, неодамна најави конференција која ќе ги помести границите во секторот на е-трговијата и ќе ја внесе домашната е-трговија во новата дигитална ера во која полека, но сигурно, вештачката интелигенција станува клучен дел. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Снежана Станковиќ е новиот член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво АД Скопје

Објавено

на

По издаденото одобрение на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС и упис во Централниот Регистар на РСМ, Снежана Станковиќ и официјално се приклучи на тимот на Сава пензиско друштво АД Скопје, како нов член на Управниот одбор на Друштвото. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Пантелеон ГС ќе му помогне на РК Вардар да се врати на победничките патишта!

Објавено

на

Македонската компанија Пантелеон ГС застана зад ракометниот клуб Вардар 1961 како нов спонзор на најтрофејниот и најпрепознатлив македонски спортски бренд. Компанијата реши да ја препознае и поддржи напорната работа која РК Вардар ја вложува во враќање на препознатливото име меѓу трофеите и успесите, промовирајќи се како нов спонзор и партнер на клубот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно