Connect with us

Останато

СКОПЈЕ СТАНУВА РЕГИОНАЛНА ТРГОВСКА ПРЕСТОЛНИНА – Се отвара ИСТ ГЕЈТ МОЛ

Објавено

на

Скопје станува многу динамичен град со голем потенцијал за напредок и просперитет, а овој октомври ја добива својата нова шопинг дестинација со над 220 водечки глобални и регионални брендови.

Ист Гејт Мол се отвора за јавноста на 29 октомври 2021 година и ќе биде препознатлив по единствената понуда која обединува повеќе од 220 големи глобални и регионални брендови од сите категории, почнувајќи од мода, преку ресторани, електроника, аксесоари за домот, понуди за деца, до кино и забава. Само некои од познатите брендови што ќе се наоѓаат на оваа шопинг дестинација се: Zara и Zara Home, Armani Exchange, Calvin Klein, Sinsay, Mango, XYZ, KIKO, Reserved, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinset, Patrizia Pepe, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Kiko Milano, Dsquared2 , Pandora, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, како и многу други.

Сите светски малопродажни групации доаѓаат со целосно портфолио како Индитекс и ЛПП. Форматите на продавниците се импресивни и се простираат во просек на 2.000 м2.

Посебна предност на оваа шопинг дестинација е нејзината локација, бидејќи Ист Гејт Мол се наоѓа на само 5 минути од центарот на главниот град на Македонија и е веднаш до автопатот М4. Ист Гејт Мол се простира на 5 нивоа, има над 57.000 квадратни метри малопродажен простор и дури 2.000 паркинг места, што го прави најголема шопинг дестинација во цела Македонија и во тој дел од регионот. Годишниот обрт во центарот Ист Гејт се проценува на 12 милиони посетители.

Покрај добрата локација и уникатните брендови, Ист Гејт Мол е импресивен по својата модерна архитектура, во која секој сегмент од фасадата, преку импресивни сводови и елегантни излози и продавници, пространи плоштади и оази за релаксација и одмор, создава чувство да се биде центар на неговиот свет. Уникатното шопинг искуство е особено засилено со богатата понуда на кафулиња и ресторани каде што ќе имате можност да истражите разни светски кујни и да ги задоволите сите ваши сетила, а модерно опремените кина ќе ви овозможат ново ниво на уживање во мултимедијални содржини. Тоа е место каде што ќе бидете сигурни дека вие, вашите желби и очекувања, сте самиот центар на светот.

Ист Гејт Мол е инвестиција на групата Балфин, најголемиот регионален инвестициски фонд.

Останато

Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години

Објавено

на

Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија

Објавено

на

Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно