Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

“Скопје сити мол” и “Групер” ги споија онлајн и офлајн попустите на едно место!

Објавено

на

Традиционално, но и иновативно оваа година „Скопје сити мол“ го организира големиот и единствен Late Night Shopping, кој ќе се одржува викендов од 5 до 7 јули.

На овој тридневен настан сите посетители ќе имаат можност да уживаат во несекојдневно купување до полноќ, со огромни попусти во повеќе од 120 локали. Оваа година „Скопје сити мол“ заедно со „Групер“ ќе го спои онлајн и офлајн-шопингот на едно место!

Продавниците ве очекуваат со огромна понуда, а „Групер“ е тука да обезбеди суперзделки за голем дел од продавниците!

Покрај шопингот со голем попуст, посетителите ќе можат да се опуштат со женската спортска програма организирана од „Најк“ на платото пред „Скопје сити мол“.

За веселата и разиграна атмосфера низ ходниците ќе се погрижат неколку скопски урбани бендови. А за најмалите и тинејџерите в недела од 19:00 часот имаме гостување и средба со Џипи!

Ова се само дел од активностите и изненадувањата што ќе го подигнат расположението на сите што сакаат да ја обноват својата гардероба со уникатни модни парчиња по намалени цени.

Како и секоја година, повторно омилениот летен шопинг-настан на нашите посетители е тука! А ние знаеме дека секој од вас некогаш немал доволно време за сè да разгледа и да проба, а уште повеќе кога има огромни попусти на омилените брендови? Токму тоа е „Late night shopping“, викенд со смеа, забава, музика и весело летно расположение, а вие ќе можете да купувате до полноќ! Ова е најголемиот настан на „Скопје сити мол“ во летниот период, настан каде што шопингот е во друга димензија, а забавата е загарантирана. Оваа година љубителите на шопингот ќе можат да уживаат во екстра попусти и однапред да дознаат што ќе понудат нивните омилени брендови. Веќе од среда попустите се достапни за јавноста на страницата на „Скопје сити мол“, како и на Groupеr.mk каде што може да најдете над 50 зделки со атрактивни попусти, да си го одберете вашето омилено парче за летната сезона и да купите купон пред почетокот на „Late Night Shopping“. Дополнително, „Групер“ ќе има и два пулта во молот за време на викендот, каде што секој ќе може да се информира за кампањата и да сврти на Среќното тркало, за да добие подарок или дополнителен попуст” – велат организаторите.

Целосната листа со попусти и информации може да ја видите ТУКА.

Останато

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Гевгелија

Објавено

на

Со цел да биде уште поблиску до своите клиенти и да обезбеди врвно корисничко искуство во секој контакт со клиентите, Тиго Фајнанс ја проширува својата продажна мрежа, отворајќи ја денес новата, 18-та по ред филијала, во Гевгелија. Филијалата е лоцирана на ул. Слободан Митров-Данко бр.87. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фирмите добија 196 милиони евра поврат на ДДВ во првото полугодие, за 20% повеќе од лани

Објавено

на

Преку 12 милијарди денари или 196 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите. Согласно податоците на Министерството за финансии повратот на ДДВ кон фирмите заклучно јуни е поголем за околу 20% во однос на истиот период лани или за скоро 2 милијарди денари. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Започнува со работа фондот за школување и вработување на БЕФ

Објавено

на

Balkan Economic Forum (БЕФ) во соработка со веб-академијата Еверест и со финансиска поддршка на Sparkasse, го објави денес својот прв јавен повик за кофинансирање стручни студии во област на веб-развојот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange