Connect with us

Останато

Скопје – Економски форум за регионална соработка

Објавено

на

На иницијатива на македонскиот премиер Зоран Заев, на српскиот претседател Александар Вучиќ и на албанскиот премиер Еди Рама, а со поддршка на Стопанските Комори на трите земји, денеска во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка.

Форумот почнува со воведни обраќања на Заев, Вучиќ и на Рама а потоа следува економскиот панел во кој со свои говори ќе партиципираат и претседателите на Стопанските Комори на трите земји Бранко Азески,Марко Чадеж и Инес Мукостепа.

На регионалниот економски форум во Скопје ќе биде променето името на иницијативата „мини Шенген“ а најавено е присуство на повеќе од 300 компании од Македонија, Србија и Албанија, како и од повеќе други земји од регионот, но и претставници од меѓународни институции.Најголем дел од компаниите доаѓаат од градежништвото, од земјоделско-прехранбениот сектор, од енергетиката, од машинеријата, од автомобилската и текстилна индустрија, од туризмот, од ИКТ, од телекомуникации, од транспорт и логистика…

На форумот ќе се потпишат два меморандума за разбирање и еден меѓудржавен договор кој во огромна мера ќе го олесни животот на граѓаните од Западен Балкан и на бизнис заедницата. Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи во Западен Балкан и Меморандумот за разбирање за олеснување на увоз, извоз и движење на стоки во Западен Балкан произлегуваат од иницијативата за напредна регионална економска соработка меѓу Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија. Во таа смисла, двата предметни документи претставуваат операционализирање на иницијативата за подобрување на условите во однос на размената на стоки и услуги, како и на иницијативата за соработка меѓу државите во однос на зашита и спасување од катастрофи. Меморандумот за разбирање за олеснување на увоз, извоз и движење на стоки во Западен Балкан се темели на подготвеноста на политичките водства на трите држави за зајакнување на меѓусебните односи и разбирање, особено во областите на увозот, извозот и движењето на стоки, со цел отстранување на пречките во меѓусебната прекугранична трговија, придонес за напредок на економската соработка и за зголемување на обемот на меѓусебна трговска размена. Во содржинска смисла, Меморандумот содржи одредби за: поедноставување на формалностите поврзани со увоз, извоз и движење/транзит на стоки; соработката на царинските и другите надлежни органи; како и посебни одредби за безбедноста на храната, ветеринарни и фитосанитарни прашања; и слободното движење на индустриски непрехрамбени производи.

Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи во Западен Балкан претставува операционализација на изразената спремност на лидерите на трите држави негови потписнички (Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија) за меѓусебна соработка во спречување и ублажување на последиците од катастрофи. Со него договорните страни ја регулираат рамката на условите за доброволно давање на помош во случај на катастрофи: планирање и спроведување на мерки за заштита од природни непогоди и несреќи од поплави, земјотреси, пожари, загадување на животната средина, несреќи на пловни објекти, радиолошки опасности, пандемии, како и индустриски и други катастрофи; взаемно известување за заканите, настанувањето и последиците од катастрофи; едукација и обука на персоналот на службите, единиците за заштита и спасување и друите членови на спасувачките тимови; размена на научни и технички податоци и други документи релевантни за заштита од катастрофи; и соработка во развој и производство на опрема за спасување и обезбедување помош. Договорот исто така предвидува и: обврска за известување за закани; процедури за поминување на границата за целите на спасување и давање помош; заштита и поддршка на работата на спасувачките тимови и индивидуални експерти; начин на надоместување на штети; начин на обезбедување грижа и помош на евакуирани лица и користење на средства за комуникација.

Третиот меморандум е особено значаен за движењето на пазарот на трудот во регионот со него договорните страни ја изразуваат својата волја да го олеснат движењето на луѓето со цел да обезбедат полесен и послободен пристап до пазарот на трудот со цел отстранување на работни дозволи и поедноставување на постапките во врска со дозволата за привремен престој. Ова е потврда на заложбата за спроведување на правото на ЕУ во областа на слободно движење на работниците и подготвување за поблиска интеграција на единствениот пазар на ЕУ.

Останато

Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти

Објавено

на

Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари

Објавено

на

И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЗА НИВ НЕМА КРИЗА – Словенечкиот БДП скокна за 8,2 проценти во вториот квартал

Објавено

на

Според податоците на Националното биро за статистика на Словенија (Сурс) обемот на бруто домашниот производ на Словенија во вториот квартал од годинава се зголеми за 8,2 проценти на годишна основа. (more…)

Продолжи со читање


Популарно