Останато
Скопје домаќин на најзначајниот настан годинава – Самитот на „Економист“ од огромна важност за иднината на Западен Балкан


Вториот Самит за Западен Балкан „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа” ќе се одржи денеска во Скопје во организација на „Економист”.
На самитот ќе се дискутира за тоа како да се зајакне стабилноста и соработката во регионот, како да се забрза пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ, како и тоа кои се приоритетите на Северна Македонија и на регионот во пост-ковид период.
На отворањето на Самитот, според најавата на организаторите, ќе се обрати премиерот Зоран Заев, а свои обраќања најавено е дека ќе имаат и вицепремиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, косовскиот премиер Албин Курти и вицепремиерот на Албанија Арбен Ахметај.
По отворањето на Самитот, вицепремиерот Никола Димитров ќе биде говорник на панелот „Визија за Европската Унија и Западниот Балкан – Проширувањето на ЕУ на Западен Балкан: зошто е тоа критично за иднината на Европа?”, каде ќе говорат и поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу – актуелен претседател на Социјалистичката интернационала, поранешниот германски вицеканцелар и МНР Јошка Фишер и евроамбасадорот Дејвид Гир.
На панелот „Југоисточна Европа: Зајакнување на мирот и соработката во кревка глобална средина” најавено е дека ќе говорат шефот на дипломатијата Бујар Османи и американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз.
Според најавата, свој осврт на темата „Приоритетите на САД за Западен Балкан” ќе даде заменик помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар.
Во економскиот дел од Самитот на одделни панел сесии ќе говорат министерот за финансии Фатмир Бесими, гувернерката на Народната банка на Северна Македонија Анита Ангеловска Бежовска, министерот за економија Крешник Бектеши, како и економски експерти.
Самитот е еден од клучните настани во регионот во организација на лондонски „Економист” како светски бренд, што оваа година има за цел да ја истакне потребата од структурни реформи и заемна соработка за интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ што е во интерес на Европа како целина и справувањето со глобалните предизвици.
Во период кога глобалната заедница се уште се бори против Ковид-19, владите и меѓународните институции се фокусирани на имплементација на политики со цел враќање на конкурентноста и економскиот раст. Западен Балкан исто така беше силно погоден од пандемијата, а сегашната ситуација ја подвлекува потребата од подлабока соработка и солидарност од меѓународните институции. ЕУ мора да се движи побрзо и поефикасно во обезбедувањето помош на земјите во регионот, да им помага во решавање на прекуграничните прашања и најважно, да ги донесе земјите од Западен Балкан во европскиот клуб, стои во најавата за Самитот за Западен Балкан на „Економист”.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје