Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Скокни во ХАЛКвантура! Голема наградна игра на Халкбанк со главна награда Jeep Compass

Објавено

на

,,Скокни во ХАЛКвантура е новата голема наградна игра на Халкбанк и Mastercard, која на сите нови и постојани клиенти на банката им нуди можност да станат потенцијални добитници на Jeep Compass како главна награда.

Наградната игра е веќе започната а истата е предвидена да трае до 31 декемви по што ќе биде извлечен добитникот на атрактивната награда Jeep COmpass, како и дополнителни 5 вредносни ваучери од 10 000 денари.

“По минатогодишната наградна игра која забележа огромен успех во јавноста, одлучивме да ја продолжиме традицијата па и оваа есен на нашите клиенти им нудиме вредни изненадувања за користењето на услугите на Халкбанк, Правилата за учество се навистина едноставни, односно со 10 трансакции со картичките Mastercard на Халкбанк и користењето уште две услуги на Банката, учесниците влегуваат во трката за главната награда. На овој начин тие не само што имаат можност да уживаат во привилегиите на најдоброто банкарство, туку стануваат и потенцијални добитници на атрактивни награди на една необично “авантуристичка„ наградна игра„ – изјави Атила Селим, директор на Дирекцијата за алтернативни канали на дистрибуција – маркетинг.

Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица, клиенти на Халкбанк кои ќе направат најмалу 10 имаат направено минимум 10 трансакции со дебитни и/или кредитни платежни картички Mastercard и кои до крајот на наградната игра ќе бидат корисници на уште две од услугите: приматели на плата или пензија преку Халкбанк, дозволено пречекорување на трансакциска сметка, кредити, депозити, полиси за осигурување, електронско банкарство или, пак услугата СМС-инфо.

Во наградната ира учествуваат трансакциите направени со било која кредитна или дебитна Mastercard картичка, односно Mastercard Debit Contactless, Mastercard Standard, Mastercard Contactless и Mastercard World издадени од Халкбанк, а за квалификување во играта учесниците треба да пополнат Изјава за согласност тука со што ќе биде потврдено нивното учество.

Правилата за наградната игра се достапни на следниот линк или на веб страницата на Халкбанк.

Домашни банки

„УНИБанка” одбележа 15 години во Гостивар

Објавено

на

„УНИБанка” го прослави својот 15-годишен јубилеј на својата експозитура во Гостивар со елегантен коктел во ресторанот „Мон Блан”. На настанот присуствуваа над 100 клиенти, партнери и пријатели на банката од градот и од регионот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Кредит со осигурени побарувања како обезбедување – нов продукт од ПроКредит Банка

Објавено

на

Малите и средни претпријатија во Северна Македонија се еден од клучите двигатели на економијата. Нивниот раст и развој директно придонесува за позитивни ефекти врз стапката на вработување, конкуретноста на пазарот и зголемување на извозот. Со цел остварување на своите визии и иновативни проекти, овие компании имаат потреба од кредитирање на краткорочните ликвидносни потреби, олеснет пристап до финансии и можност за брзо кредитирање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје, Генерален покровител на концертот на Златко Ориѓански и Бени Шакири

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е Генерален покровител на концертот на Златко Ориѓански и Бени Шакири, кој ќе се одржи на 20-ти април во Македонската Филхармонија. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange