НБРМ
Склучен нов Меморандум за соработка помеѓу Народната банка на Република Северна Македонија и Хрватската народна банка

Нашата централна банка и Хрватската народна банка имаат одлична соработка. Народната банка на Република Северна Македонија се издвојува меѓу позитивните примери во регионот, а централната банка на Хрватска е нејзина голема поддржувачка во определбата за постигнување на најновите и највисоките меѓународни стандарди.
Ова, меѓу другото, беше истакнато денес, при склучувањето Меморандум за соработка помеѓу Народната банка на Република Северна Македонија и Хрватската народна банка (ХНБ), со што започна неколкудневната работна посета на гувернерот на ХНБ, Борис Вујчиќ.
„Колегите од ХНБ и јас имаме постојана одлична и конструктивна соработка со вашата централна банка и со гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска. Од лично искуство, можам да сведочам за нејзиниот исклучителен придонес во работата на сите форуми на кои учествуваме, како што е нашата заедничка конституенца во ММФ или Виенската иницијатива. Македонската економија може да биде горда на стручноста и работниот капацитет на раководството, како и на севкупниот тим на вашата централна банка којашто е одлична институција и според релативно строгите стандарди на централните банки. Со овој меморандум, нашата соработка добива и нови димензии, опфаќа нови сфери и области, коишто всушност се нови и актуелни и во глобални рамки. Уверен сум дека двете централни банки секогаш ќе имаат партнерски однос. Хрватската народна банка секогаш ќе биде силна поддржувачка на НБРСМ на патот кон Европскиот систем на централни банки, затоа што се покажа дека со својот капацитет и подготвеност, тоа е стратегиското место каде што припаѓа.“ – истакна гувернерот Вујчиќ, по потпишувањето на Меморандумот.
„Со овој нов меморандум, не се почнува, туку уште повеќе се продлабочува една исклучителна и многу важна меѓуинституционална, меѓународна соработка. Важно е и што Mеморандумот се склучува во важен период – период исполнет со бројни предизвици за централните банки поврзани со пандемијата, но и период во кој ни претстојат клучни предизвици на европскиот пат. Соработката особено ќе ја продлабочиме во однос на предизвиците коишто сѐ повеќе стануваат дел и од агендите на централните банки како што се климатските промени, зелените финансии и предизвиците поврзани со финансиските иновации. Финансиските иновации можат да дадат значителен придонес за поголема финансиска инклузија со бројни придобивки за економиите, но тоа оди рака под рака и со потребата за заштита на потрошувачите на финансиски услуги, вклучително и преку зголемување на нивото на финансиска писменост, што во регионот заостанува зад развиените европски економии. Оттаму, во фокусот на нашата соработка ќе биде и заштитата на потрошувачите.“ – посочи гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска.
Таа искажа големо задоволство од досегашната соработка со ХНБ и упати благодарност до ХНБ и до гувернерот Вујчиќ за сета досегашна поддршка, во однос на низа прашања значајни за нашата централна банка. „Верувам дека новиот меморандум ќе ни овозможи уште посилно и попродлабочено да продолжиме со градењето на нашата соработка и пријателство, што е од интерес не само за нашите институции, туку и за нашите економии во целина.“ – нагласи Ангеловска-Бежоска.
Спроведувањето на Меморандумот започнува веднаш и во рамките на работната посета на гувернерот Вујчиќ, веќе се одржуваат состаноци на коишто покрај него и гувернерката Ангеловска-Бежоска, учествуваат поголем број експерти од нашата централна банка и покрај размената на искуства, се разговара и за повеќе прашања на кои им ќе се посвети внимание во натамошната соработка.
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до надворешно финансирање. Ова беше дел од дискусијата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на тркалезната маса којашто ја водеше директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во рамките на конференцијата под наслов „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Конференцијата ја отвори директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, заедно со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ. (more…)
НБРМ
Гувернерката Ангеловска-Бежоска на конференција од висок профил во Хрватска во организација на ХНБ и ММФ

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествува на конференција во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржува од 2 до 3 јуни во Дубровник, Хрватска. Конференцијата насловена „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, е настан од висок профил, кој традиционално обединува гувернери, министри за финансии од регионот на ЦИЈЕ и високи претставници на меѓународни финансиски организации, а оваа година учество ќе земе и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева. (more…)
НБРМ
Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје