Connect with us

НБРМ

Склучен Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Државната комисија за спречување на корупцијата

Објавено

на

Народната банка на Република Северна Македонија и Државната комисија за спречување на корупцијата склучија Меморандум за соработка, со кој се овозможува заемна размена на искуства и знаења, добра практика, како и стручна консултација за прашања од интерес.

Меморандумот за соработка е резултат на долгогодишната успешна и отворена соработка помеѓу Народната банка и Државната комисија, со цел да се спречат корупцијата и судирот на интереси што е определено и во Политиката за спречување појава на корупција, донесена од  Народната банка во 2021 година. Спроведувањето на одредбите на Меморандумот ќе биде многу значајно за двете институции, коишто преку директна и постојана соработка ќе придонесат за спроведување политика на нетолеранција на корупцијата. За спроведување на Меморандумот претстојат заеднички обуки за јакнење на капацитетите заради унапредување на  професионалните капацитети на вработените на НБРСМ и ДКСК.

Зајакнувањето на соработката со Државната комисија е една од активностите на Народната банка за поддршка на борбата за спречување на корупцијата, преку одржување високи правни и етички стандарди и преку примена на висок степен на професионално и непристрасно постапување при спроведувањето на целите и задачите.

НБРМ

Утре започнува 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура

Објавено

на

Народната банка на Република Северна Македонија и Централната банка на Холандија по четиринаесетти пат ја организираат Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура, со што продолжува традицијата за отворена и плодна дискусија за предизвиците и можностите коишто ги носи глобалниот бран на дигитализацијата за финансиските услуги. Годинава, 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура на тема: „Просперитетна иднина на дигиталните плаќања“, ќе се одржи во виртуелен формат, на 4 и 5 октомври 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Централните банки се фокусирани на одржување на ценовната стабилност

Објавено

на

„Во услови на изразени инфлациски притисоци централните банки мора да останат фокусирани на својата примарна цел, а тоа е среднорочната ценовна стабилност, што без никакво сомневање бара нормализирање на монетарната политика. Секако, при нормализирањето на монетарната политика централните банки водат сметка за ефектите врз економскиот раст и стабилноста на финансискиот систем“ – беше посочено од гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, која присуствуваше на Самитот на министри за финансии, гувернери на централни банки и директори на даночни управи, насловен „Финансиска и монетарна стабилност на регионот во услови на изразени геополитички ризици“, кој се одржа во Црна Гора. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за вториот квартал од 2022 година

Објавено

на

На редовната седница на Советот на Народната банка, беше усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за вториот квартал од 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно