Connect with us

Форекс

Склучен Меморандум за Соработка помеѓу Македонска Берза АД Скопје и АЦИ Македонија-Здружение на Финансиски пазари

Објавено

на

Со цел унапредување на меѓусебната соработка помеѓу „Македонската Берза АД Скопје“ и „АЦИ Македонија-Здружение на Финансиски пазари“ склучија Меморандум за соработка.

Првиот човек на Македонската берза, Иван Штериев и Бојан Цветановски претседателот на Извршниот одбор на АЦИ Македонија-Здружение на Финансиски пазари се обврзаа да ја унапредат соработката во размена на знаења од сферата на финансиските пазари и тргувањето со хартии од вредност, техничка и фундаметална анализа на трендовите, нови типови на инструменти и начини на финансирање на пазарите на капитал.

Нивниот прв заеднички проект кој ќе се одржи во средината на месец Септември е семинар на тема crowdfunding како еден нов (интересен) вид на финансирање на стартапи, мали и средни претпријатија. Проектот е во организација на Македонска Берза АД Скопје.

Форекс

Доларот падна по две недели раст

Објавено

на

Доларот ја намали својата вредност во однос на корпата на валути, по двенеделен раст, во претпазливо тргување бидејќи инвеститорите се загрижени за континуираното ширење на коронавирусот во светот. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Берзата го продолжува бесплатното користење на eTrader за инвеститорите

Објавено

на

Одборот на директори донесе oдлука продуктот на Македонска берза за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи БЕСПЛАТНО и по завршувањето на вонредната состојба, односно до 30.09.2020 година.
(more…)

Продолжи со читање

Форекс

Инвеститорите воздржани, еврото со вредност од 61.6953 денари

Објавено

на

Новиот бран на вирусот Ковид-19 повремено ги дестабилизираше акциите на котираните друштва на Македонска берза, бидејќи кога се чинеше дека пандемијата полека стивнува и и се гледа крајот, коронавирусот повторно зема замав, од ден на ден се повеќе се зголемува бројот на новозаболени, а со тоа дополнително се зголемуваше и неизвесноста. (more…)

Продолжи со читање

Популарно