Домашни банки
Склучено партнерство за соработка помеѓу Триглав осигурување Живот и Силк Роуд Банка – полесен пристап на клиентите при склучување на животно осигурување

Банкоосигурувањето како иновативно и стратешко партнерство помеѓу банките и осигурителните компании е се повеќе застапено во Македонија. Полисата за осигурување на живот многупати се докажала како финансиски инструмент со многу привилегии, па затоа Силк Роуд Банка АД Скопје во својата палета на производи вклучи и небанкарски производ – осигурување на живот за корисници на кредит со полиса од Триглав осигурување Живот АД Скопје.
Ова стратешко партнерство подразбира овозможување на кредит со вклучена полиса за осигурување на живот за кредитобарателот, која има за цел да обезбеди финансиска сигурност на семејството на кредитобарателот при немил настан, но и значително поповолни услови за кредитирање во една од 15-те експозитури на Банката.
Дополнително, со оваа соработка Силк Роуд Банка ќе го прошири портфолиото на финансиски продукти за своите клиенти и ќе им понуди низа придобивки, кои пред сѐ се насочени кон обезбедување на дополнителна финансиска заштита на личните и семејните финансии. Ова стратешко партнерство ќе овозможи комплетно финансиско советување за сите продукти за осигурување на живот во експозитурите на Силк Роуд Банка.
Силк Роуд Банка е докажана финансиска институција и во изминатите 30 години на делување на македонскиот пазар ја рашири својата мрежа на експозитури на ниво на целата територија на државата со единствена цел да се приближи до клиентите и успeшно да одговори на секое нивно барање и потреба.
Домашни банки
Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот. (more…)
Домашни банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)
Домашни банки
Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје