Connect with us

Останато

Скапо ги чинеа грешките – Facebook изгуби 50 милијарди долари!

Објавено

на

Една од најпопуларните социјални мрежи не може да се пофали со многу успешна година, а тоа драстично се одрази на нејзината вредност и позиција на пазарот.

Акциите на „Facebook” паднаа за 8% во четвртокот откако компанијата го објави својот финансиски извештај за заработка за четвртиот квартал од 2019 година.

Овој пад на акциите доведе до пад на пазарната вредност на компанијата од енормни 50 милијарди долари, со што таа во моментов вреди помалку од 600 милијарди долари, пренесува „NBC News“.

Падот на цената на акциите следеше по извештајот за пораст на трошоците на „Facebook” за неверојатни 51% во однос на 2018 година.

Трошоците се тесно поврзани со подобрувањата во приватноста и безбедноста на корисниците на кои работеше и сеуште работи оваа социјална мрежа, бидејќи се соочуваше со големи критики од јавноста.

Овие податоци се совпаѓаат со падот на оперативната добивка, која од 45 проценти во 2018 година се намали на 34 проценти во 2019 година.

Покрај зголемените трошоци во гореспоменатите области, „Facebook” работи и на измени поврзани со рекламирањето, што дополнително го забавува неговиот развој.

Останато

Богатството на Џеф Безос расте се повеќе и повеќе, надминувајќи 180 милијарди долари

Објавено

на

Богатството на најбогатиот човек во светот Џеф Безос достигна рекордни 180 милијарди американски долари во услови на зголемување на цените на акциите на неговата компанија „Amazon“, соопшти „Forbes“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ОДНОВО СЕ ПАЛИ АЛАРМОТ: Стопанската комора на Србија повторно го активираше Ковид-19 инфо сервисот

Објавено

на

Стопанската комора на Србија ја реактивираше специјализираниот информативен сервис Ковид-19, преку кој бизнисмените можат да добијат информации за сите клучни деловни проблеми. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извештај на ОЕЦД за Западен Балкан: Република Северна Македонија со најдобра бизнис-клима во регионот

Објавено

на

Република Северна Македонија има најповолна бизнис-клима во регионот, а исто така има и помалку фискални ризици во однос на другите земји. Ова се главните поенти за нашата земја во извештајот на ОЕЦД за земјите од Западен Балкан („Government at a glance: Western Balkans 2020“). Во извештајот се нотира дека земјава е регионален лидер во обезбедување поволна бизнис-клима и има подобри резултати во однос на просекот на земјите на ОЕЦД и од просекот на земјите на ОЕЦД коишто се членки на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно