Connect with us

Странски банки

Си отиде Марио Драги, дојде Кристин Лагард!

Објавено

на

Кристин Лагард денес ја презеде функцијата претседателка на Европската централна банка (ЕЦБ) од сега веќе поранешниот директор Марио Драги.

Французинката Лагард, поранешна извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од 2011 година, го наследи Драги, кој беше претседател на ЕЦБ цели осум години водејќи ја институцијата после светската финансиска криза.

Во пресрет на преземањето на мандатот, поранешната француска министерка за финансии го одобри продолжувањето на монетарната политика на Драги, која вклучува многу ниски и негативни каматни стапки.

Таа веднаш откако ја презема функцијата, посочи дека ќе ги разгледа ефектите од негативните каматни стапки врз банкарскиот сектор, во услови на загриженоста во Германија, особено во поглед на ефектот на профитабилноста на банките и личните заштеди.

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Акционерите на ЕБОР го одобруваат членството на Ирак

Објавено

на

Ирак го направи првиот чекор да стане членка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). (more…)

Продолжи со читање

Популарно