Connect with us

Домашни банки

Си оди се што е француско од Охридска банка

Објавено

на

Веќе е извесно дека француски Сосиете Женерал се повлекува од Балканот, а денес и официјално беше соопштено дека е постигнат договор со Штаермаркише Шпаркасе АГ за продажба на 384.844 обични акции со право на глас односно 74,53% од акциите кои ги поседуваат во Охридска банка АД Скопје. 

Во текот на денешниот ден, Управниот одбор на Охридска Банка прими од Штаер намера за преземање на сите акции издадени од страна на Охридска Банка (“Намера за преземање”).

Во наредните неколку месеци, Сосиете Женерал Груп и Штаер заедно ќе работат на добивање на потребните дозволи и во најскоро време (се предвидува средината на 2020 година), Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија да се спојат во една банка.

Откако, официјално беше соопштен постигнатиот договор, ќе следи период на ревидирање на вработените, како во едната, така и во другата банка, а тоа започна со членот на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје, Тома Пувро.

Охридска банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста дека започнувајќи од 01.03.2019 година, г-дин Тома Пувро повеќе нема да биде член на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје.

 

Домашни банки

НЛБ Станбени кредити – Твој дом, твој избор!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови станбени кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Натпревар за млади со идеи за социјално претприемништво

Објавено

на

Млади претприемачи со голема идеја и желба да извршат значително влијание врз општествените проблеми може да учествуваат на петтиот натпревар „Награда за социјално претприемништво“ – Social Impact Award – Kick Off SIA 2019, што ќе биде промовиран денес во Фондот за иновации и технолошки развој со почеток во 12:00 часот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка објавува jавен повик за избор на најповолен добавувач за набавка на осигурителни услуги

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје во согласност со интерните акти на Банката и позитивните законски прописи објавува јавен повик за избор на најповолен добавувач на осигурителни услуги за осигурување на градежни објекти, основни средства, мебел и компјутерска опрема, парични средства, физички лица, осигурување од одговорност за дејност, во согласност со дадена спецификација. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange