Connect with us

Странски банки

Ситигруп се повлекува од рускиот пазар

Објавено

на

Банкарскиот гигант од Волстрит, Ситигруп соопшти дека ќе ги затвори подружниците во Русија за работа со економијата и населението почнувајќи од овој квартал. Банката очекува тоа да ја чини околу 170 милиони долари во наредните 18 месеци.

Американската банка, со најголемо присуство во Русија, најави уште во април 2021 година излез од работа со населението во Русија во рамки на широк план за напуштање некои прекуморски пазари. Планот за излез од Русија во март го прошири и на работа со економијата по руската инвазија на Украина, но, не успеа да најде купувач ниту за еден од наведените бизниси.

Затворањето ќе погоди околу 2.300 од 3.000 вработени во 15 филијали во Русија, соопшти банката. Ситигруп се приклучи на други големи играчи од Волстрит што исто така затворија или најавија планови за затворање претпријатија во Русија, поради санкции воведени против земјата од страна на западни држави.

Ситигруп откри дека нејзината изложеност кон Русија изнесувала 8,4 милијарди долари, заклучно со 30 јуни годинава.

Напуштањето на Русија ќе влијае врз депозитните сметки, инвестициите, кредитите и платежните картички на банката.

Странски банки

30.000 банкари остануваат без работа како последица на банкарската криза?

Објавено

на

Спасувањето на „Credit Suisse“ од страна на најголемата швајцарска банка „UBS“ се очекува да резултира со укинување на десетици илјади работни места, а швајцарскиот финансиски сектор веќе се подготвува за тешкиот удар дел од спорното преземање. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Најсигурната валута повеќе не е сигурна како последица од банкарската криза во Швајцарија

Објавено

на

Швајцарскиот франк кој досега важеше за најсигурна и најстабилна светска валута полека ја губи довербата на финансиските пазари откако акциите на „Credit Suisse” паднаа на помалку од една третина од нивната претходна вредност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

UBS го презема конкурентот Credit Suisse за три милијарди евра!?

Објавено

на

Најголемата швајцарска банка „UBS” се согласи да ја купи конкурентската швајцарска банка „Credit Suisse” за 3,23 милијарди долари (околу три милијарди евра) во акции, како и да преземе загуби до 5,4 милијарди долари (околу 5,05 милијарди евра), врз основа на швајцарскиот план на властите да се избегнат дополнителни потреси во банкарскиот сектор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно