Connect with us

Компании

Сите продавници на „Apple“ во Велика Британија се привремено под клуч

Објавено

на

„Apple” привремено ги затвора сите продавници во Велика Британија, вклучително и оние во Шкотска, бидејќи земјата воведува дополнителни ограничувања во борбата против пандемијата на Ковид-19 вирусот.

Компанијата има 38 продавници во Велика Британија, од кои 20 беа затворени од 22 декември до почетокот на јануари, пренесува лондонскиот дневен весник „Indipendent“.

Сега компанијата одлучи да затвори дополнителни 18 малопродажни објекти во земјата, вклучувајќи ги Кембриџ, Плимут, Глазгов и други места.

Пред новите ограничувачки мерки, продавниците работеа по принципот на нарачки преку Интернет.

Во јуни минатата година, „Apple” повторно ги отвори своите 32 продавници во Англија и една во Северна Ирска, придржувајќи се на епидемиолошките мерки за продавачите и купувачите – задолжително носење маска за лице и одржување на растојание од два метри.

Велика Британија не е единствената земја каде што „Apple” мораше да затвора продавници. Во САД, компанијата има 271 продавница, од кои една третина во моментов се затворени.

Компании

Оглас за вработување на “System Administrator” во Panteleon GS

Објавено

на

We are looking for a System Administrator to maintain, upgrade and manage our software, hardware and networks. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување на “Administrative Officer” во Panteleon GS

Објавено

на

We are looking for a skilled Administrative Officer to undertake a variety of day-to-day office and clerical tasks. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Хакери украле приватни податоци на повеќе од 3 милиони клиенти на Волксваген

Објавено

на

Повеќе од три милиони луѓе во САД и десетици илјади клиенти во Канада станаа жртви на кражба на податоци од страна на хакери кои го компромитираа системот на надворешен партнер на „групацијата Фолксваген“. (more…)

Продолжи со читање


Популарно