Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Сите луѓе на министерката – Кој ќе ја советува првата финансиерка?

Објавено

на

Новата министерка за финансии Нина Ангеловска го откри тимот на советници и соработници со кои ќе соработува во текот на нејзиниот мандат. Веднаш стигнаа и првите реакции на дел од експертите кои се пожалија дека некои медиуми погрешно информирале за видот на нивниот ангажман.

Павле Гацов еден од најистакнатите даночни советници во земјава како и Марјан Петрески професор и еден од основачите на тинк тенкот Finance Think објаснија дека не се вработени во министерството за финансии, туку дека се ангажирани како надворешни експерти.

“Штотуку пристигнав во САД на подолг истражувачки престој. Ме дочекаа честитки и медиумски објави дека „Професорот Петрески стана дел од кабинетот на министерката Ангеловска“. Јас не сум бил дел од кабинет на ниту еден министер досега, па не сум ниту сега.

Ангажманот е надворешно-експертски со точно определен делокруг на експертиза (независна анализа на ефектите од политиките од фискалната сфера) со времетраење до 31.12.2019. Го прифатив бидејќи почитувам кога се цени домашна експертиза, но замолувам за адекватно известување. И, секако, го задржувам правото да продолжам да ги коментирам состојбите во економијата и економските политики на независен и објективен начин”, напиша професорот на Фејсбук објаснувајќи го видот на ангажманот во министерството покрај Нина Ангеловска.

Сличен став пренесе и Павле Гацов директорот на Про Агенс.

“Јас не сум бил дел од кабинет на ниту еден министер досега, па ниту сега сум дел од кабинет. Да ги разјасниме нештата.

Ангажманот е експертски со точно определен делокруг на експертиза (независна анализа на ефектите од применетите политики од фискалната сфера)”, истакна Гацов на социјалните мрежи.

Сепак, во тимот има и луѓе кои се ангажирани внатрешно за потребите на кабинетот на министерката за финансии. Шеф на кабинетот е Кристина Попова за која се вели дека била дел од најпознатите светски ревизорски куќи, а и претходно работела во самото министерство. За Попова има малку детали, освен што се најде на листата на посебни советници на Драган Тевдовски.

За пораките на министерката ќе се грижи Анка Марија Макеска која доаѓа од приватниот сектор со искуство во маркетинг од Магнетик Група. Оваа фирма е позната по тоа што стои зад голем број на модни брендови во најголемите трговски центри како што е Сити мол. Оваа групација ги има брендовите Max&Co

Pinko, Weekend Max Mara, Marella, Carpisa, Yamamay, Liu Jo, Penny Black, Paul&Shark, Gerry Weber. Исто така Магнетик група го води и мекскиканскиот ресторан Амигос на улица Македонија во Скопје. Макеска ќе биде и координатор за социјални медиуми на министерката за финансии и ќе ја информира јавноста и медиумите за нејзината работа.

Како посебен советник на Ангеловска е кадар кој од јули 2017 го советуваше премиерот Зоран Заев. Станува збор за Олимпија Христова Заевска која студирала меѓународни односи на Универзитетот во Вашингтон, политички науки на Правниот факултет во Скопје и политичка економија и владеење на Централниот Европски Универзитет. Има искуство и во работа на проекти за климатски промени, како и иновации и развој. Таа во тимот на Ангеловска ќе биде советник за меѓународни односи, ИПА и односи со ЕУ.

Тимот го комплетира Ивана Станковиќ која ќе биде посебен советник за јавен долг и финансиски систем. Станковиќ инаку беше дел од фондот за ризичен капитал South Central Ventures кој инвестира во стартап иновативни компании низ повеќе фази на евалуација со суми кои достигнуваат стотина илјади евра со цел потоа да остварат милионски профит и поврат на инвестицијата. Често Станковиќ може да се види како говорник на настани за поддршка на стартап заедницата и поттикнување на иновациите.

Анализи

Оглас за вработување во Тиго Фајнанс – Специјалист за директна продажба

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Компанијата нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. Тимот на ТИГО Фајнанс се состои од млади и амбициозни професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, потребни им се ведри и вредни колеги кои ќе ја пополнат позицијата:

Специјалист за директна продажба на терен  (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Дали банкарите ќе исчезнат со вештачката интелигенција?

Објавено

на

Напливот на новите технологии за автоматизирање на работните процеси, за употреба на вештачката интелигенција во текот на работењето и опслужувањето на клиенти, како и управувањето со големите бази на податоци, носи голема закана за вработените во банкарскиот сектор. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Која е разликата помеѓу инвестициска банка и комерцијална банка?

Објавено

на

Врз основа на работата извршена од страна на банките, финансиската индустрија е распределена во два главни сегменти, т.е. инвестициски банки и комерцијални банки. Комерцијалните банки се формираат заради склучување трговски трансакции, како на пример легално земаат депозити и позајмуваат пари во форма на кредити на физички лица и корпорации. Од друга страна, се формираат инвестициски банки кои нудат дополнителни услуги на инвеститорите. Работата на инвестициските банки е различна и делува како посредник помеѓу купувачите и продавачите на акции и обврзници, кои им помагаат на клиентите во прибирањето капитал. Додека инвестициските банки заработуваат провизии од успешно завршени зделки, комерцијалните банки заработуваат од камати на издадените кредити на клиентите, како и од провизии за одржување на трансакциски сметки и останати трансакции. Постои тенка линија на разлики помеѓу инвестициските банки и комерцијалните банки, која е детално претставена во текстот подолу. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange