Лични финансии
Сите лоши шефови имаат барем една од овие 10 особини

Авторката Брижит Хајасент на својот профил на LinkedIn објави список со 10 особини, од кои, според нејзиното мислење, секој лош шеф има барем една од нив.
„Мојата поранешна шефица еднаш ми рече: „Ако потонам, ќе те повлечам со мене“. Тоа го рече за лошиот квартален резултат. Оттогаш, повеќе не и обрнував внимание. Тешко е да ја одржувате вашата страст кон работата жива откако вашиот шеф ќе стане толку слаб во вашите очи, и тоа однос може само дополнително да се влоши“, напиша авторката Хајасент.
Нејзиниот пост наскоро стана вирален хит на социјалните мрежи, а многумина, од списокот на Брижит препознале некои карактеристики и особини што ги поседуваат нивните шефови.
Еве ја нејзината листа со особини:
1. Микроменаџмент
Најголемиот непријател на креативноста и иновативноста на работното место. Ја уништува довербата, а вработените се чувствуваат нелагодно и како некој да ги гуши. Ако веќе сте ангажирале некого, оставете го да си ја заврши својата работа согласно неговите квалитети и карактеристики, без да му се мешате во работата.
2. Субверзија кон вработените (потенцирање на нивните слабости и занемарување на нивните квалитети)
Ова е добро позната ситуација кога шефот повеќе се фокусира на слабостите на работникот отколку на неговите силни страни. Тие веројатно водат список со сите грешки што ги прават вработените. Слично на тоа, е кога таквите менаџери никогаш не вработуваат попаметни од себе бидејќи сакаат да ја задржат својата позиција и бидејќи се плашат од конкуренција.
3. Избор на „домашно милениче” – миленик
Лошите менаџери вработуваат и туркаат погрешни луѓе, оние од нивните блиски кругови. Тие секогаш ги наградуваат истите вработени и покрај тоа што тие воопшто не заслужуваат награда. Ако некој од нивните подредени им се спротивстави, тие веднаш добиваат „епитет” на лош тимски играч.
4. Припишување туѓи заслуги на самиот себе си
Лошите шефови ќе сторат апсолутно сè за да се претстават себеси во најдобро светло, па затоа во секое време се подготвени иновативните туѓи идеи да ги претстават како свои и заслугата да си ја припишат на себе. Нивниот главен приоритет е да се претстават себе си како најдобри и најуспешни.
5. Давање лажни ветувања
Тие ветуваат секакви награди и унапредувања само за да го натераат работникот да ја прифати работата или задачата што му ја доделуваат. Но, речиси никогаш не го исполнуваат ветувањето.
6. Воопшто не ги слушаат вработените
Лошите менаџери воопшто не ги слушаат барањата и потребите на вработените и сакаат да слушнат само добри вести и потврдни одговори. Колку и да се добри идеите и советите од вработените, тие никогаш не ги слушаат или не сакаат да ги послушаат и веднаш им даваат до знаење на вработените дека нивните мислења не треба да се искажуваат, бидејќи доколку се искажат сигурно нема да бидат земени во предвид.
7. Не ги бранат своите вработени
Лошите шефови никогаш не застануваат во одбрана на своите вработени и речиси секогаш ги обвинуваат за сè што ќе тргне наопаку. Многу е демотивирачки да се работи за шеф кој не стои зад неговиот тим, а подредените се чувствуваат многу несигурно во тој случај.
8. Преголеми очекувања и премногу задолженија за работниците
Дури и кога работата се одвива беспрекорно, тие секогаш наоѓаат одредени забелешки за да им замерат на вработените и никогаш ништо не е доволно добро за нив. Воопшто не се грижат за вработените и за нивното задоволство, им доделуваат премногу обврски, задачи и задолженија очекувајќи да ги завршат во најкус можен рок иако практично тоа е во реалност е невозможно.
9. Збеснуваат кога работите не одат во поскаувана насока
Лошите менаџери имаат мала емоционална интелигенција и вработените учат дека мораат да се оддалечат од нив кога не се во најдобро расположение. Тие ги навредуваат работниците и често ги расплакуваат. Тие се потпираат на градење авторитет преку страв и заплашување, а вработените избираат зборови пред нив и воопшто не се чувствуваат слободни за комуникација со нив.
10. Не можат да ја прикријат сопствената неспособност
Ги пренесуваат своите обврски на подредените кои со леснотија ги извршуваат. Лошите шефови ја разбираат својата позиција како нешто што се зема здраво за готово, а не како нешто што треба да се заслужи. Тие не знаат како да дадат јасни упатства или коментари, поради својата неспособност, па затоа во многу ситуации излегуваат смешни пред своите вработени.
Лични финансии
Како да ги заштитите вашите банкарските податоци онлајн

Секоја онлајн активност со себе носи ризици и потенцијални закани, кои најчесто ги таргетираат вашите лични податоци. А ризикот не престанува ако го исклучите компјутерот или го оставите вашиот телефон на масата, тој е присутен постојано додека сте приклучени на интернет. Голема паника ни предизвикува помислата дека некои од профилите на социјалните мрежи може да ни бидат хакирани или злоупотребени, а само замислете какви можат да бидат последиците ако нешто им се случи на вашите банкарски податоци. (more…)
Лични финансии
Дали знаењето или дисциплината е поважна за управување со парите?

Знаењето (во некои случаи може да се користи и зборот „талент“) е важен предуслов за успех на кое било поле од животот. (more…)
Лични финансии
Четири чекори кои водат до стабилни лични финансии

Четирите чекори кои водат до стабилни лични финансии можеби изгледаат како „чекор од седум милји“, но во реалноста не е толку тешко да се постигнат. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство