Connect with us

Домашни банки

Сите банки се подготвени за исплата на априлските пензии

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека сите банки се подготвени предвремено да ја извршат исплатата на априлските пензии, согласно со добиените податоци од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, од утре, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата априлска пензија.

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите на банките коишто не поседуваат дебитни картички ќе се спроведе во, согласно следниот распоред:

– во понеделник, 27 април – пензии во висина до 11.000 денари;

– во вторник, 28 април – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– во среда, 29 април – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– во четврток, 3о април – пензии во висина над 18.000 денари.

Со новиот системски пристап потврден од сите банки ќе се намали физичкото присуство во филијалите и експозитурите и ќе се овозможи поголема заштита на здравјето на сите корисници на банкарски услуги, особено на повозрасните граѓани.

Од МБА замолуваат клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите.

При посета на филијалите и експозитурите заради подигнување готовина од априлската пензија, сите банки, на своите клиенти-пензионери ќе им понудат да пополнат барање за изработка на бесплатна дебитна картичка. Со тоа, банките ќе се обидат да придонесат веќе при исплатата на следната пензија, физичкото присуство во експозитурите и филијалите да биде уште помало, а секој пензионер да има лесен, брз и едноставен пристап до своите средства во секое време.

Македонската банкарска асоцијација апелира до сите корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на потребата од посета на филијалите и експозитурите.

Воедно, МБА апелира до другите корисници на банкарски услуги, да покажат разбирање и утринските часови да им ги отстапат на пензионерите. Со тоа ќе помогнат во намалување на гужвите во филијалите и експозитурите, особено во периодот од 8 до 12 часот кога е дозволено движење на лицата над 67 години.

Сите банки преземаат активности за при готовинската исплата на пензиите да бидат запазени сите препораки за заштита на здравјето. Корисниците на банкарски услуги се должни при посета на филијалите и експозитурите да носат лична заштитна опрема на лицето (заштита која што ги покрива пределот на носот и устата).

Банките максимално ќе се заложат за системски пристап и при следните исплати коишто опфаќаат поголем број граѓани.

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно