Connect with us

Останато

Системот преоптоварен, па УЈП го продолжи рокот за поднесување на барањата за финансиска поддршка до 12 ноември

Објавено

на

Управата за јавни приходи го продолжи рокот за поднесување на Барањата за финансиска поддршка до четврток, 12 ноември 2020 година. Барањата се однесуваат на финансиска поддршка за исплата на плати за компаниите и за самостојните вршители на дејност.

Согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено –економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година и Закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, барањата се поднесуваат до 10-ти во месецет за претходниот месец.

Поради подоцнежна објава во Службен весник на РСМ на Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците и Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност, кои се основ за достапност и поставување на обрасците БФП-ИП/2 и БФС-СВД/2 на веб платформата на УЈП, како и поради масовно поднесување на истите веднаш по поставувањето што придонесе до преоптоварување на системот, рокот за нивното поднесување се продолжува до 12 ноември 2020 година.

Инаку, оваа мерка е дел од Четвртиот пакет економски мерки што го донесе Владата, кој им овозможува на компаниите кои се погодени од здравствено економската криза со КОВИД-19 да добијат финансиска поддршка за исплата на плати за октомври, ноември и декември 2020 година, како и финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност.

Останато

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

Објавено

на

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти во октомври, покажуваат бројките што ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечната плата во октомври во Црна Гора изнесувала 720 евра

Објавено

на

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 проценти повисока од септември. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЛЕСНО Е КОГА ИМАШ ИЗОБИЛСТВО НА ЗЛАТО – Гана набавката на нафта ќе ја плаќа во злато наместо во долари

Објавено

на

Владата на Гана работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари, објави на Фејсбук, потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно