Connect with us

Останато

СИСТЕМОТ КОНЕЧНО АЖУРИРАН – Корисниците на МојДДВ може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки

Објавено

на

Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки.

„Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery, а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google. Корисниците на на апликацијата МојДДВ ќе треба првин да направат ажурирање (update) на апликацијата на apple Appstore/Huawei gallery, а потоа да се најават во апликацијата во делот „Профил„ во прозорчето „Тип на баркод скенер” наместо, „основен” повторно да одберат „напреден””, информираат од УЈП.

МојДДВ е мерка за граѓаните и средствата од таа мерка се враќаат кај граѓаните.

Од УЈП соопштуваат дека веќе ја почнале исплатата на средства за корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тромесечје, односно, во месеците април, мај, јуни 2022 година, и по тој основ на сметките ќе бидат исплатени 550 милиони денари, како поврат од МојДДВ.

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно