Connect with us
P2_P_MK_1600x400

НБРМ

Системите за плаќање КИБС и МИПС достапни за плаќање и денес (08.06.2019 година)

Објавено

на

Системите за плаќање КИБС и МИПС се достапни и денес, 8ми јуни 2019 година бидејќи денешниот ден се одработува неработниот ден кога папата Франциск беше во посета на Република Северна Македонија.

Народната банка на Репблика Северна Македонија и Клириншката куќа КИБС објавија дека нивните системи за меѓубанкарски плаќања ќе бидат достапни за клиентите на банките и во текот на денешниот ден согласно терминскиот план истанкат на веб страниците на банките.

Тоа значи дека, доколку клиентите имаат потреба да извршат регуларно и/или итно плаќање кон друга банка, примателот на средствата ќе ги има истите во текот на денешниот ден.

Напомена: Клиентите истото можат да го сторат и преку сервисите за електронско и мобилно на банкарство на банката чии услуги користат.

НБРМ

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската комисија во процесот на заштита на кованите евра од фалсификување

Објавено

на

Со размена на писма за соработка помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Генералниот директорат за економски и финансиски прашања на Европската комисија, Марко Бути, се склучи Договор за соработка во процесот на заштита на кованите евра од фалсификување. Согласно со одредбите од склучениот договор, соработката ќе се одвива преку размена на технички, статистички и административни информации поврзани со фалсификуваните ковани евра откриени на територијата на нашата земја. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБ: Кредитите и депозитите бележат раст во октомври

Објавено

на

Депозитите во октомври годинава бележат месечен раст од 0,4 отсто, што е резултат на зголемувањето на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на растот на депозитите кај корпоративниот сектор, објавува Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со заменик-директорот на ММФ, Тао Жанг: Соработката меѓу ММФ и Народната банка е на високо ниво

Објавено

на

Народната банка постигна значајни резултати во унапредувањето на своето работење со поддршка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Со спроведувањето низа проекти поддржани од ММФ, монетарната политика на земјата достигна ниво коешто е високо оценето од страна на меѓународните институции. Очигледно е дека соработката меѓу Народната банка и ММФ е успешна. Ова се дел од пораките од средбата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, со заменик-директорот на ММФ, Тао Жанг, којашто се одржа во Скопје. На средбата учествуваше и вишата резидентна претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange