Connect with us

Домашни банки

Силк Роуд Банка ја предаде третата донација на Клиниката за детски болести

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје ја предаде и третата донација на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје што произлезе од потпишаниот меморандум за соработка минатата година, со кој банката прерасна во долгорочен партнер на Клиниката.

Третата донација, како и втората се состои од набавка на инхалатори за потребите на одделенијата во клиниката и дечињата кои престојуваат во неа.

Средствата за набавка на оваа донација во износ од 106.575,00 денари, се обезбедени на начин што со секоја трансакција со American Express картичките на Силк Роуд Банка, банката одвојува по пет денари за потребите на Клинката.

Донацијата ја поздравија и директорите на клиниката д-р Наташа Најдановска Алулоска и г-дин Ридван Ибраими кои изразија надеж дека успешната соработка ќе продолжи и во 2020 година согласно со потпишаниот меморандум за соработка.

Од страна на банката г-дин Игор Димитров член на Управниот одбор и г-ѓа Кристина Десковска директор на Секторот за население истакнаа дека банката и во наредниот период останува долгорочен партнер на клиниката и дека овој општествено одговорен проект ќе го следат и другите банки и институции во државата.

“Наша донација со секоја трансакција” е општествено одговорен проект на Силк Роуд Банка АД Скопје и банката до сега за потребите на Универзитетската клиника за детски болести има донирано постелнина, креветски чаршафи, навлаки за перници и 14 инхалатори за секое одделение во клиниката.

Домашни банки

Во Маврово во организација на Халкбанк, на 8 септември повторно ќе се одржи велосипедската трка Halk Velo Green

Објавено

на

Правецот Бистра – Леуново – Бистра во Маврово и годинава ќе биде рутата која ќе треба да се извози во рамките на хронометар велосипедската трка HALK VELO GREEN која веќе трета година по ред, на 8 септември ја организира Халкбанк АД Скопје како дел од платформата HalkEco. Сите вљубеници во велосипедизмот, професионалци и аматери, за учество можат да се пријават најдоцна до 29 август преку www.smartrace.club. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка: Известување за Експозитура Лептокарија

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека Експозитура Лептокарија започнувајќи од 15.08.2022г. (понеделник) ќе биде привремено затворена поради реновирање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИ Банка ќе издаде нова емисија на Перпетуална обврзница на износ од 2,5 милиони евра

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ќе издаде нова емисија на капиталниот инструмент Перпетуални или “вечни” обврзници на износ од 2,5 милиони евра. Издадениот капитален инструмент ќе се користи за зголемување на капиталот на банката. (more…)

Продолжи со читање


Популарно